ЕКИПНИ ПРВЕНСТВА НА МАКЕДОНИЈА

Кај мажите, првиот фаворит Алкалоид осамен во водството, со два бода предност

Шахистите на најуспешниот македонски клуб Алкалоид избија сами во водство по третото коло на Екипното првенство на Македонија, кое во седум кола на по шест табли се одржува во Охрид. Алкалоид, кој ја брани титулата, има максимални три победи, односно шест бода, а Прилеп и Гамбит асеко СЕЕ имаат по четири, со тоа што прилепчани се со 1,5 поен подобар збир по табли.

На третото, четвртото и петтото место се Гостивар, Шкупи и Куманово 1, сите со по три бода, Пелагон има еден, а засега само Анпасан е без освоен бод.
Кај шахистките (се игра на по четири табли), титулата ја брани Центар, а по три одиграни кола, три екипи имаат по максимални четири екипни бода, Алкалоид (11,5 поени по табли), Центар (11) и Неготино (осум). Следуваат Гамбит асеко СЕЕ со четири, Куманово 1 со два бода, а Фишер, Гостивар и Стево Патако засега се без освоен екипен бод.

Резултати, 3. коло (мажи): Анпасан – Шкупи 3-3, Алкалоид – Прилеп 4-2, Гостивар – Куманово 1 3-3, Пелагон – Гамбит Асеко СЕЕ 1,5-4,5. Трето коло (жени): Гамбит асеко СЕЕ – Центар 0,5-3,5, Неготино – Стево Патако 3-1, Алкалоид – Фишер 3,5-0,5, Гостивар – Куманово 1 1,5-2,5. Г.И.