Фото: ЕПА

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ВУЕЛТА

Актуелниот шампион Ремко Евенепул од Белгија имаше крвавење над десното око по удар во гледач по победата на третата етапа на велосипедската грантур-трка Вуелта во Шпанија, пишува „Би-би-си“.

Евенепул го надмина победникот на Тур де Франс, Јонас Винегард од Данска, во спринтерската завршница, но се судри со гледач набрзо по минувањето на целта. Инцидентот следуваше по првите две етапи возени по пороен дожд. Невремето со грмежи значеше дека воведната етапа е преполна со падови во лизгави услови, а втората етапа беше делумно суспендирана, откако времето за генералниот пласман беше тоа од девет километри пред целта.

Шпанецот Хуан Ајусо беше трет, а на четвртото место беше трикратниот првак на Вуелта и актуелен шампион на Џиро д’Италија, Примож Роглич од Словенија.
Вкупен пласман по три етапи: Ремко Евенепул, Енрик Мас (плус пет секунди), Лени Мартинез (плус 11 секунди), Јонас Винегард (плус 31 секунди)… Н.М.