ФОРМУЛА 1
Сезоната на Формула 1 за годинава се движи кон завршните фази, кога со трката в недела за големата награда на Лас Вегас (САД) почнува последната серија во календарот од три трки во низа, пишува Формула 1.
Рано утринава на програмата беше првиот тренинг, квалификациите се закажани за утре, од пет до шест часот, а гранпри-трката е в недела, со почеток во пет часот.
Првото гран-при на оваа патека, која е долга 6,201 километри, е одржано во 2023 година. Рекордот за најбрзо извозен круг, со време од 1:33,365 минута, го држи Макс Ферстапен од минатата година. Најмногу пол-позиции, по една, имаат Шарл Леклерк, Џорџ Расел и Ландо Норис, најмногу победи оствари Ферстапен, две (во 2023 и во 2025 година), а еднаш триумф славеше Расел (во 2024 година). Н.М.
































