Времето денеска наутро ќе биде врнежливо, а во текот на денот ќе се разведри. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој на места во западните делови на земјата повремено ќе достигнува брзина од над 80 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 7 до 14 степени, а максималната од 14 до 22 степени.
Во Скопје наутро ќе има услови за дожд, а потоа ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде 10, а максималната ќе достигне 20 степени.
За време на викендот и на почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со различен интензитет.
Од понеделник до средината на работната седмица, под влијание на студен воздушен бран, температурите ќе опаѓаат. На некои места се очекува да се спуштат и под нулата.
































