Фото: Христијан Мицкоски/Фејсбук

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествуваа на состанокот на Коалицијата на волните во Берлин, посветен на состојбата во Украина и напорите за завршување на војната.

Како што соопшти Мицкоски на Фејсбук, на состанокот, организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц, била нагласена потребата од засилени напори за завршување на војната и од заедничко дејствување на европските партнери и САД.

– Ја потврдивме поддршката на нашата земја за напорите за постигнување праведен и траен мир во Украина, преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници – напиша Мицкоски.

Фото: Христијан Мицкоски/Фејсбук
Фото: Христијан Мицкоски/Фејсбук
Фото: Христијан Мицкоски/Фејсбук
Фото: Христијан Мицкоски/Фејсбук