Фото: Доналд Трамп/ Официјален фејсбук профил

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска го напушти Шенжен и се качи во авионот „Ер Форс Уан“ со кој се враќа во Вашингтон, по првиот трилатерален состанок со претседателот на Русија, Владимир Путин, и кинескиот претседател Шји Џјинпинг, кој траеше околу 90 минути, објави „Еј-би-си Њуз“.

Трамп на аеродромот во Шенџен се ракуваше со официјалните претставници, меѓу кои беа американскиот амбасадор во Кина, Дејвид Пердју, и кинескиот амбасадор во САД, Сје Фенг, додека го испрати и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Трилатералниот состанок се одржа на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), кој на 18 и 19 ноември се одржува во Шенџен.