Фото: Орце Ѓорѓиевски/Фејсбук

Повеќе контејнери за отпад биле запалени синоќа во скопската населба Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во објава на Фејсбук.

Тој побара од Министерството за внатрешни работи да ги провери снимките од системот „Безбеден град“ („Safe City“), да ги идентификува сторителите и да ги утврди околностите под кои биле запалени контејнерите.

– Го повикувам МВР веднаш да ги провери снимките од „Safe City“, да ги пронајде сторителите и да испита дали палењата се организирани и политички мотивирани – напиша Ѓорѓиевски.

Градоначалникот посочи дека Град Скопје набавил 3.300 нови контејнери и дека со палењето е оштетен јавен имот. Тој најави и дека наскоро ќе заврши поставувањето на 200 градски камери за надзор, а ги повика граѓаните да пријавуваат вандализам.

Во објавата не е наведен точниот број на запалени контејнери, ниту висината на штетата.

Фото: Орце Ѓорѓиевски/Фејсбук
Фото: Орце Ѓорѓиевски/Фејсбук