Фото: Маја Јаневска Илиева

Скопскиот вински салон „Винодонија“ годинава го слави своето јубилејно, десетто издание, собирајќи ги на едно место љубителите на виното и винската култура.

Посетителите имаат можност да дегустираат и да се запознаат со повеќе од 450 вински етикети од околу 40 винарии, од Македонија и од странство.

Посебен музички печат на настанот му даде јапонската пејачка Кономи, која ја збогати атмосферата со изведба на познати македонски евергрини, внесувајќи дополнителна доза емоции и интернационален дух во винската манифестација.