Фото: ЕПА

Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска, заедно со институциите на Европската Унија, ќе ја претставуваат Европа во евентуалните мировни преговори меѓу Русија и Украина. Ова го изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Даблин.

Кошта ги поздрави дипломатските иницијативи насочени кон започнување преговори со Москва, изразувајќи надеж дека тие ќе доведат до конкретни резултати.

– Ги поздравуваме сите дипломатски напори насочени кон доведување на Русија на преговарачката маса. Се надеваме дека тоа ќе донесе конкретни резултати“, порача Кошта.

Во меѓувреме, американскиот специјален пратеник Џаред Кушнер претходно изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да го прифати учеството на европските претставници во мировниот процес. Сепак, Москва ги демантираше таквите наводи, оставајќи ја неизвесноста околу конечниот формат на преговорите.

Германија, Франција и Велика Британија досега беа во првите редови на европските дипломатски напори за завршување на војната во Украина, при што во иницијативите често учествуваа и Италија и Полска.

Со најавениот формат, европските институции и петте држави би требало да обезбедат заедничко претставување на европските позиции во евентуалните мировни разговори.