Фото: Горан Анастасовски

Првиот снег денеска пристигна и во Скопје. Снежни врнежи беа забележани и во главниот град, а бела снежна покривка се формираше на Водно.

Снегот донесе вистинска зимска атмосфера во Скопје, по студеното време што ја зафати земјава во текот на викендот.

Екипите на зимската служба на Град Скопје уште од вчера попладне се на терен и превентивно ги третираат градските сообраќајници. Посебно внимание се посветува на повисоките делови од градот, особено на Водно, каде што веќе падна првиот снег.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска во Скопје преовладува облачно и студено време, со повремени врнежи од дожд и снег.

Надлежните апелираат до возачите да бидат внимателни и да го приспособат возењето на зимските услови.

Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски

Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски