Фото: Гонца Перунковска

Фотографијата Есенско патување на авторката Гонца Перунковска е изборот на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
-Велат, не е важна целта, важно е да се ужива по патот додека се стигне до неа. А, ваквите патишта и нивните кривини како да се измислени за да подзабави човек, да намали брзина, да подзастане и да ужива во природата, која често ја одминуваме и без да бидеме свесни за сета нејзина раскош – вели Перунковска.

Фото: Гонца Перунковска

Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.

Фотографијата е избрана од најголемата македонска Фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories.


📸 „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата 👇
📇 Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
➡ Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
➡ Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
➡ Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
➡ Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
➡ Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.