Утврден е идентитетот на лицето кое за време на прославата на Денот на албанското знаме поставило албанско знаме на полициско возило во Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР наведуваат дека по преземените мерки во врска со настанот на подрачјето на СВР Тетово, лицето било идентификувано и повикано на разговор во полициска станица, во присуство на родител.
Посочуваат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.



































