Патните правци во државата се целосно проодни и сите забрани за сообраќај се укинати, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Дежурните екипи на „Македонија пат“ остануваат на терен и продолжуваат да ја следат состојбата, со посебен акцент на повисоките планински места.
Од претпријатието апелираат до сите возачи да возат внимателно, да поседуваат зимска опрема и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.


































