Фото: Официјален фејсбук профил на Володомир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена за прекин на огнот долж постојната линија на фронтот и за започнување дипломатски преговори.

Тој во интервју за „Ал Џезира“ на англиски јазик, дадено во Киев, рече дека таквиот потег би претставувал исклучително голем компромис.

– Подготвени сме да застанеме таму каде што сме сега. Станува збор за прекин на огнот долж линијата на поделба. Тоа е компромис, се разбира, и тоа многу голем – рече Зеленски.

Тој истакна дека треба да се свртат кон демократијата.

– Свесни сме дека тој не сака да ја напушти нашата територија. Затоа велиме: Во ред, да застанеме тука и да се свртиме кон дипломатијата – додаде украинскиот претседател.