Фото: Ка.М

Во Ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата „Спам“ на уметникот Ѓорѓи Десподов, кој живее и работи во Холандија.

Десподов се претставува со дела инспирирани од дигиталната култура, во кои се испреплетуваат шпекулативни светови и апсурдите на секојдневието. Изложбата „Спам“ отвора простор за игра со грешките, недоразбирањата и празните ветувања, поставувајќи ги како дел од уметничкото истражување.

Изложбата ја отвори Марта Макеска, професорка по ликовно образование, која истакна дека уметникот уште од рана возраст се одликувал со напредна мисла.

– Десподов е современ автор кој има успех во дигиталната технологија. Го покажува времето кое поминало, сега што го живееме и она што доаѓа. При тоа не поттикнува да размислиме во какво време живееме – рече Макеска на отворањето.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Ка.М