Фото: Дејан Јовески/илустрација

Снежната бура што од вчера ја зафати Чешка го отежна сообраќајот во земјата и предизвика бројни несреќи во кои стотици луѓе се повредени.

Чешките пожарникари вчера и денеска интервенирале во повеќе од 600 случаи, вклучително и сообраќајни несреќи, паднати дрвја и возила заглавени во снегот.

Надлежните апелираа до возачите да бидат внимателни и да ја приспособат брзината на движење на условите на патиштата. Воедно, информираа дека снегот се расчистува од автопатите и локалните патишта.

Поради невремето, летовите на аеродромот во Прага доцнеле по неколку часа.

Во Прага, денеска околу 26.000 домаќинства останале без греење и топла вода по дефект на регионалниот топловод.