Фото: „Нова Македонија“

РАКОМЕТ – ВО ПРЕСРЕТ НА ЕП 2026

  • Македонија од денеска ќе игра на турнир во Турција, каде што ќе се сретне со Финска, Италија и со Турција, пред настапот од идната недела на ЕП, каде што ривали се Швајцарија, Романија и Норвешка

Во рамките на подготовките за претстојниот настап на Европското првенство (ЕП), женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија ќе учествува на меѓународен подготвителен турнир во Анкара (Турција), од денеска до недела, информира Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
На овој турнир Македонија ќе игра со селекциите на Финска (денеска од 16.45 часот), Италија (утре од 14.30 ч.) и на Турција (в недела, од 16.45 ч.), објави РФМ. Од учесниците на овој турнир, на претстојното ЕП 2026 ќе настапат Македонија и Турција.
По учеството на овој турнир за Македонија следува осмиот настап на европските првенства. На ЕП 2026 во групата Б , која ќе се игра во Романија, црвено-жолтите ќе се сретнат со Швајцарија на 4 декември, два дена подоцна е дуелот со домаќинот Романија, а на 8 декември е и натпреварот со најтрофејната репрезентација на европските првенства (10 титули) и актуелен европски првак Норвешка.
Годинашниот континентален шампионат за ракометарки е 17. по ред, а домаќини се Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција. Репрезентациите се поделени во шест групи. Најдобрите две селекции од секоја група ќе се пласираат во втората групна фаза, од каде што првопласираните две репрезентации од двете групи (во Клуж и во Катовице) ќе играат во полуфиналето, кое ќе се игра во Катовице. Н.М.