Фото: Пекселс
Мајка од Кавадарци пријавила во полиција дека две малолетнички ја нападнале нејзината малолетна ќерка. Според пријавата, едната ја држела, а другата ја горела со цигара, соопшти СВР Велес.

Според наводите во пријавата, нападот се случил на 16 ноември на улицата „Сремски фронт“ во Кавадарци. Мајката го пријавила случајот на 18 ноември во 22:30 часот во Одделението за внатрешни работи во Кавадарци.

За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Кавадарци. Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на настанот.