РАКОМЕТ
- Македонија во групата Х ќе игра со Јапонија, Бахреин и со Исланд. СП 2027 е јубилеен 30. планетарен шампионат, а Македонија 10. пат ќе настапи на собирот на најдобрите ракометни репрезентации во светот, осми пат во низа
Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список со 35 ракометари за настап на претстојното Светско првенство (СП) во Германија, објави Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Мундијалот што треба да се игра во јануари в година е јубилеен 30. светски шампионат, а Македонија десетти пат ќе настапи на собирот на најдобрите ракометни репрезентации на планетата, осми пат во низа.
Црвено-жолтите на СП 2027 се во групата Х, во рамките на која, во Магдебург, ќе се сретнат со репрезентациите на Јапонија (15 јануари), Бахреин (17 јануари) и на Исланд (19 јануари).
Првопласираните три селекции од секоја од осумте групи ќе играат во втората групна фаза на СП 2027. Репрезентациите од групата Х ќе се спојат со селекциите од групата Г, во која се Данска, Словенија, САД и Ангола, а тие средби ќе се играат во Хановер.
Најдобрите две репрезентации од секоја од четирите групи, пак, ќе се пласираат во четврт-финалето на СП 2027. Новиот светски шампион ќе обезбеди пласман на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лос Анџелес во 2028 година. Н.М.
МАКЕДОНИЈА
Голмани: Мартин Томовски (Битигхајм, Германија), Васил Гогов (Вардар 1961), Никола Митревски (Еурофарм Пелистер), Иван Галевски (Алкалоид), Марко Кизиќ (Алкалоид)
Леви бекови: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер), Дмитро Горига (Сегед, Унгарија), Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), Михајло Младеновиќ (Кретеј, Франција), Емилијан Ѓоргоски (Алкалоид)
Средни бекови: Марко Митев (Алкалоид), Игор Ѓоргиев (Алкалоид), Дамјан Митев (Алкалоид), Мирче Калајџиески (Еурофарм Пелистер), Мартин Ивановски (Охрид)
Десни бекови: Давид Савревски (Охрид), Томислав Јагуриновски (Охрид), Мартин Велковски (Алкалоид), Мартин Серафимов (Еурофарм Пелистер), Филип Николов (Алкалоид)
Леви крила: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), Марио Стојановски (Вардар 1961), Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер), Иван Џонов (Алкалоид), Гоце Ојлески (Охрид)
Десни крила: Александар Петковски (Алкалоид), Ален Ќосевски (Охрид), Никола Костески (Алкалоид), Ненад Белистојановски (Еурофарм Пелистер)
Пивоти: Самоил Ристески (Еурофарм Пелистер), Милан Лазаревски (Вардар 1961), Марко Стојковиќ (Алкалоид), Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер), Михаил Аларов (Алкалоид), Валентин Карасманакис (Алкалоид)
Извор: РФМ
































