Жена синоќа била донесена во Клиничкиот центар во Скопје во животозагрозувачка состојба, откако, според медиумските објави, била физички нападната од сопругот.
Од Јавното обвинителство информираат дека осомничениот е обезбеден и дека надлежните институции веќе преземаат мерки за расчистување на случајот.
– Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за итна координација и постапување по пријави за семејно насилство. Вклучени се и полициски службеници и Центарот за социјални работи – соопштуваат од Јавното обвинителство на Република Македонија.
Оттаму посочуваат дека правната квалификација на делото ќе биде утврдена врз основа на собраните докази.
































