Фото: Кабинет на претседател

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска во Охрид се сретна со претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула, на маргините на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони.

На средбата, Силјановска-Давкова истакнала дека македонско-косовските односи се пријателски, со отворена комуникација меѓу граѓаните и државните институции, како и со интензивна економска, трговска и културна соработка.

Двете претседателки ја поздравиле паритетната машко-женска застапеност на денешниот состанок, а во својство на професорки ја нагласиле потребата од поширока и поинтензивна соработка во областа на образованието и науката.

Како што соопшти Кабинетот на претседателката, соговорничките оцениле дека добрососедството е важен предуслов за просперитет на Западен Балкан, а Процесот Брдо-Бриони претставува неопходен инструмент за градење меѓусебна доверба и обезбедување сигурна европска перспектива.