Денвер поведе со 3-0 против Лос Анџелес лејкерс и му недостига уште една победа за да се бори за првата титула во НБА-лигата

КОШАРКА – НБА, ФИНАЛЕ НА ЗАПАДОТ

Кошаркарите на Денвер ја забележаа и третата победа во финалето на Западната конференција против Лос Анџелес лејкерс со 119-108, но прва на гостински терен. На Денвер сега му е потребна уште една победа за да го елиминира противникот и за првпат да се пласира во големото финале, каде што го очекува победникот од дуелот Бостон-Мајами.
Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, постигна 24 поен и стана само вториот играч во историјата на НБА-натпреварувањето со 2.000 коша, 1.000 скока и 800 асистенции во една сезона. Патем, Јокиќ не играше во третата четвртина, оти набрзина направи четири лични грешки, па тренерот реши да го одмори. Џемал Мареј повторно брилираше и беше најефикасен со 37 коша во победничкиот тим.
Во поразениот состав, пак, Ентони Дејвис со 28 поени и 18 скока беше највпечатлив, додека Леброн Џејмс уфрли 23 поени, а оствари и 12 асистенции,
Следниот, четврти натпревар меѓу двете екипи се игра исто така во Лос Анџелес, в четврток наутро, а домаќинот веќе нема право за нов пораз. Г.И.