Театарска претстава „Животинска приказна“ по мотиви од Зоолошка приказна и Домашен живот на Едвард Олби во режија на Александар Јовановски во изведба на Виктор Велевски, Никола Кузелов и Ања Митиќ ќе ја има својата премиераа вечерва (понеделник) во 20 часот во Јавна соба.

Животинска Приказна е сублимација на Домашен живот и Зоолошка приказна, две дуо драми од Едвард Олби кои во својата беспрекорна корелација го доловуваат недостатокот на комуникација – главното нешто кое ги одвојува луѓето од животните.

Претставата говори за удобноста во која луѓето запаѓаат дури го живеат својот живот, заборавајќи на необврзувачката задача да се биде човек во вистинска смисла… човек кој е обичен следбеник на животното. Иако блиски, ликовите во Животинска приказна, секој на свој начин се сосема оддалечени од животното во себе, губејќи ги основните пориви кои го движат моторот на животот или пак се нурнуваат во нив, давејќи се во длабочината и така сосема го забораваат вистинското животно во себе. А сите сме животни, зарем не?