Фото: ДЛУБ

Во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, деновиве беше отворена традиционалната Ноемвриска изложба на Друштвото на ликовни уметници – Битола (ДЛУБ), која и оваа година обедини повеќе автори со различни ликовни изрази.

– Особено ме радува што изложбата обединува членови од Битола и од различни градови низ Македонија, а со своето учество ја збогатува и нашиот редовен член од соседна Бугарија. Тоа е уште еден доказ дека уметноста не познава граници, туку ги поврзува луѓето преку заедничката страст и творештво“, истакна Нела Петровска, претседателка на ДЛУБ.

Таа се осврна и на соработката со институциите, нагласувајќи ја важноста на нивната поддршка за реализацијата на активностите на здружението.

– Особено сакам да истакнам дека оваа година остваривме успешна соработка со институциите, чија поддршка и отвореност придонесоа за реализацијата на нашите активности. Упатувам голема благодарност до Министерството за култура за поддршката и препознавањето на значењето на нашата работа.Верувам дека ваквата соработка е од особено значење и дека треба да ја негуваме и развиваме и во иднина. Нашето здружение зад себе има богата историја, традиција и непроценлива културна вредност. Тоа е место каде што се создава, споделува и чува уметноста, но пред сè, место кое ги поврзува луѓето. Затоа сметам дека заслужува континуирана поддршка, почит и внимание од институциите, заедницата и сите оние кои ја препознаваат важноста на културата и уметноста- нагласи Петровска.

Во рамките на изложбата беше доделена и наградата за најдобро ликовно остварување. Комисијата, во состав Лилјана Христова и Филип Иванишевиќ, одлучи годинешното признание да му припадне на ликовниот уметник Симеон Силјановски со делото ,,Вереници”

– Во делото „Вереници“ Симеон Силјановски ја користи бојата вофункција на изразување, а формата ја ослободува од реалистичнотопретставување. Неговата вредност е во спојот на фигуративното иапстрактното, во силниот колористички ритам и вопрепознатливата визуелна експресија.Се потенцира слободата вотретманот на човечкото лице, кое од портретен мотив сетрансформира во ликовен знак и носител на симболичко значење.Делото припаѓа на современата македонска експресивнафигурација, по начинот на кој авторот ги поврзува бојата, знакот ичовечката физиономија- рече Лилјана Христова, историчарка на уметност.

На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кому ДЛУБ му додели благодарница како признание за успешната соработка и поддршката во афирмацијата на ликовната уметност.

Ноемвриската изложба уште еднаш ја потврди улогата на ДЛУБ во збогатувањето на културниот живот на Битола, зачувувањето на ликовната традиција и афирмацијата на ликовното творештво. Ф.Д.

Фото: ДЛУБ
Фото: ДЛУБ