Синоќа во КИЦ на Македонија во Загреб беше отворена изложбата „Флуктуација“
од прилепскиот автор Филип Перески.

Уметникот се претставува со дела со изразит експериментален и естетски карактер кои ја истражуваат линијата како основен визуелен и концептуален елемент. Во делата претставени на изложбата линијата претставува жив организам и го изразува процесот на постојана промена, метафори и нестабилност.
-Целта на изложбата, е да го претставам современиот визуелен универзум во кој линијата станува медиум на енергија и движење – вели Перески.

Отворањето на изложбата беше проследено со концертот „Звучен пат“ на македонските млади уметници, Анастасија Гичевска (пијано) и Симеон Гошев (виолина), Со овој концепт КИЦ на Македонија во Загреб, продолжува да ја презентира македонската ликовна и музичка уметност. Ка.М.



































