- Објавен е предлог за нов систем за рејтинг што ги комбинира силните страни на играчот во трите формати во еден рејтинг базиран на системот „Ело“. Вкупниот шаховски рејтинг би се пресметувал од постојните рејтинзи за класичен, забрзан и брз шах на играчот кај ФИДЕ и е според познатиот систем „Ело“. Во пилот-фазата, вкупните шаховски рејтинзи се пресметани за првите сто играчи врз основа на рејтинзите на ФИДЕ, а новиот систем е одделен од официјалните ФИДЕ-рејтинзи на играчите и не влијае на нив,
пишува „Тотал чес“
Како што шахот расте глобално така расте и важноста на различните формати, но едно долгогодишно прашање останува, дали постои еден рејтинг што може да ја претставува целокупната сила на играчот во сите три главни формати, пишува „Тотал чес“.
Пилот-натпреварот Светско првенство (СП) во тотален шах, кој комбинира брз класичен шах, забрзан и брз шах, е во тек во Будимпешта. „Тотал чес“, официјалната интернет-страница на тоа СП, објави предлог за нов систем за рејтинг што ги комбинира силните страни на играчот во трите формати во еден рејтинг базиран на системот „Ело“.
Вкупниот шаховски рејтинг би се пресметувал од постојните рејтинзи за класичен, забрзан и брз шах на играчот кај Светската шаховска федерација (ФИДЕ) и е според познатиот систем „Ело“, пишува „Тотал чес“. Ова значи дека разликите помеѓу вкупните шаховски рејтинзи може да се толкуваат на ист начин како и стандардните разлики на „Ело“. На пример, ако еден играч има вкупен шаховски рејтинг од 2.800, а друг 2.700, разликата од 100 поени одговара на очекуван резултат од приближно 64 отсто за играчот со повисок рејтинг, пишува „Тотал чес“. Во пилот-фазата вкупните шаховски рејтинзи се пресметани за првите сто играчи врз основа на рејтинзите на ФИДЕ.
Новиот систем е одделен од официјалните ФИДЕ-рејтинзи на играчите и не влијае на нив. Светската шаховска федерација ќе го набљудува вкупниот шаховски рејтинг за време на пилот-периодот, по дискусиите во рамките на работната група помеѓу Норвешкиот чес и Светската шаховска федерација, пишува „Тотал чес“.
Врз основа на рејтинзите од 1 октомври, Магнус Карлсен го предводи инаугуративното рангирање на „Тотал чес“, со рејтинг од 2.830, по него следуваат Хикару Накамура со 2.779 и Нодирбек Абдусаторов со 2.774.
Не се пресметува просекот на трите рејтинзи бидејќи рејтинзите на „Ело“ се логаритамски, а не линеарни, едноставниот аритметички просек не ги комбинира прецизно силните страни на играта претставени од трите рејтинзи, а целосниот предлог подетално ги изложува формулата и математиката зад системот, пишува „Тотал чес“.
„Тотал чес рејтинг“ влезе во пилот-период пред Светското првенство во тотален шах во Будимпешта. Настанот во Будимпешта ќе обезбеди можност за дискусија за системот со играчи, претставници на Светската шаховска федерација и други засегнати страни. По пилот-проектот, „Тотал чес“ ќе го сподели резултатот од прегледот, заедно со сите значајни промени во методологијата. Н.М.
ПИЛОТ РАНГ-ЛИСТА НА „ТОТАЛ ЧЕС“
Магнус Карлсен 2.830
Хикару Накамура 2.779
Нодирбек Абдусаторов 2.774
Алиреза Фирузџа 2.765
Јавокхир Синдаров 2.753
Арџун Еригаиси 2.751
Јан Непомнијашчи 2.745
Весли Со 2.740
Фабијано Каруана 2.740
Прагнананда Рамешбабу 2.736
првите 10 играчи според рејтингот на „Тотал чес“ од 1 октомври 2026 година
































