Советникот од ДУИ во Советот на општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат остануваат во притвор откако Апелациониот суд во Битола го поништил решението на охридскиот суд за прифаќање на гаранцијата од 30.000 евра за да се бранат од слобода.

– Решението со кое му беше прифатена гаранцијата е укинато и предметот повторно е вратен на одлучување во Охрид – кусо велат извори од битолскиот Апелационен суд каде Обвинителството се жалеше откако судот во Охрид му ја прифати гаранцијата.

Притворот од осум дена на браќата Усеини истекува в четврток. Тие шест дена беа недостапни за полицијата, а беа притворени на 26 август откако сами се пријавија.

Против нив се води истрага за насилство и за недозволено држење оружје откако охриѓанецот Спирко Топалоски пријави дека го нападнале, а во нападот полицијата утврди дека користеле и пиштол.