„Рајска градина” е третa песна на македонскиот музичар Саше Љолес, која неодамна ја објави проследена со видеозапис.

– „Рајска градина“ е песна создадена за најблиските луѓе, оние што ви се секојдневие и што зрачат љубов и добрина, без разлика на сите животни предизвици и разни ситуации. За фамилиите, за вистинските пријателства и за ведриот дух на добрите луѓе – вели Љолес.


Музиката и текстот се на Љолес, а во аранжманот учествуваа и Владимир Чадиковски – Црни, Александар Ванчовски – Џигер, Мартин Јосиговски и Петар Лукиќ.
Снимена е во јуни и јули во студиото на Нино Спиркоски.
Придружните вокали ги пее Светлана Јовановска, а видеото го изработи Иван Куртевски – „Мелем продукција“.
Сликите користени во видеото се на уметникот Константин Качев.