Американски конзул во Кина пријавил абнормални чувства и звуци
Член на персоналот на Конзулатот на САД во јужниот кинески град Гуангжу пријавил необични симптоми, наведувајќи дека слуша чудни звуци и чувствува невообичаен притисок, соопшти денеска Стејт департментот.
Случајот потсетува на претходните слчино искуства на американски дипломати во Куба.
Во известувањето упатено по електронска пошта до американските државјани во Кина, Стејт департментот наведува дека, за сега, не знае што ги предизвикало...
Традиционално 37-мо искачување на Титов Врв
Над 800 планинари од земјава, Балканот и пошироко се очекува да учествуваат на годинешното 37. традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина - Титов Врв висок 2.747 метри што претстојниов викенд го организира планинарскиот клуб Љуботен од Тетово.
Овогодинешната активност е дел од прославата по повод Денот на Европа. Претседателот на клубот Јован Божиновски на денешната прес-конференција во Тетово истакна...
Спасиќ посакува финале и медал на СП во Швајцарија
Најдобриот македонски кајакар, Љубомир Спасиќ идната недела, од 30 мај до 3 јуни, ќе настапи на Светското првенство (СП) на диви води во Мутатхал, Швајцарија, во две трки, класик на 5 км и во спринт, на 500 метри.
- Утре заминувам на мини подготовки во Швајцарија, ќе направам неколку тренинзи на патеката на која ќе се одржуваат натпреварите на СП,...
„Осамениот муџахедин“ обвинет за поттикнување тероризам како и напад врз принцот Џорџ
Хусаин Рашид, за кој се претпоставува дека е припадник на групата Исламска држава (ИГД), е обвинет во Велика Британија дека направил интернет „алатка за тероризам“ преку која поттикнувал на напади, меѓу другите и врз четиригодишниот принц Џорџ.
Рашид (32) го водеше он-лајн каналот „Осамениот муџахедин“, преку кој, според обвинителката Анабел Дерло, охрабрувал напади врз различни цели, вклучувајќи и вбризгување отров...
ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово одбележа 65 години од своето постоење
Најстарото училиште во Куманово, ООУ „Браќа Миладиновци“, одбележа 65 години од своето постоење. Меѓу гостите на прославата беа и заменикот министер за образование Арбер Адеми, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и францускиот амбасадор во Република Македонија Кристијан Тимоние.
Учениците од училиштето пред публиката и пред пристутните гости изведоа голема и свечена приредба насловена како „Куманово те гушкаме“, на која...
Груевски на својот фејсбук профил: Доаѓаат подобри времиња
Поранешниот премиер и почесен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се огласи на Фејсбук по објавувањето на пресудата против него за случајот „Текнк“ на СЈО.
Во пораката на неговиот фејсбук профил тој ги повика македонските граѓани да ја кренат главата горе и да не забораваат дека ова е земја на сите кои живеат во неа и ничија друга и им порача...
Франција ги поддржува напорите на Македонија и Грција околу спорот со името
Франција денеска упати охрабрување до властите во Македонија и Грција за продолжување на напорите за постигнување решение за името што се водат под покровителство на ОН, со цел постигнување на долгоочекуваниот договор.
- Франција ги поддржува напорите на Скопје и на Атина, во координација со медијаторот на Обединетите нации, за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение поврзано со прашањето за името на Поранешната...
Четири напуштени деца добија донација од штипскиот Црвен крст
Општинската организација на Црвен Крст-Штип заедно со претставници од Центарот за социјални работи денеска обезбедија хуманитрана помош за три малолетни деца и едно момне од Кочани, кои откако нивната мајка заминала во странство сега живеат со блиски роднини во Штип. Донирани им се храна, облека, хигиенски средства и кревет.
Нивната тетка Џебаир Салиева вели дека помошта за децата е добредојдена,...
За 300 места во косовската полиција се пријавиле 18.000 млади
Околу 18.000 млади Косовци аплицирале за прием во косовската полиција, на конкурсот кој е распишан за упис на само околу 300 лица на полициската академија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Пред неполни две недели е затворен конкурсот за прием на полициски службеници во полицијата на Косово, а бројката на оние кои се пријавиле е несразмерно повисока во однос на...
ЕУ догодина ќе и додели 1,5 милијарди евра на Турција за бегалците
Европската унија во 2019 година ќе оддели дополнителни 1,5 милијарди евра за Турција за справување со мигрантската криза, стои во Проект-буџетот на ЕУ за следната година, што денеска го објави Европската комисија.
- Ќе се одвојат дополнителни 1,5 милијарди евра помош за бегалците во Турција, за да продолжи да им се обезбедува храна, образование и засолништа на бегалците од Сирија...






































