По повод Денот на победата – 9 Мај (прв дел)
- Маршал Жуков кажал: „Европа нема да ни прости што го поставивме советското знаме на Рајхстагот“. Всушност и Ајзенхауер го дозволи тоа, со што спречи нова војна. Дали зборовите на Жуков ја „палат“ денес ЕУ за интенционо мамутски да се вооружи? А водачот Макрон – спинува – се врти како Баришников. Која е стратегијата на Хитлер?
Дај му на човек леб, ќе ти ја даде душата… дај му злато или коцка, ќе ти ја даде фамилијата. Ако му дадеш нафта, ќе ти ја даде државата. Владата е среќна ако народот не размислува… а ако почне да размислува, тој ја растура државата. Сегашноста е премин од злато кон енергија. „Ин-кар-церации“ – се страв од казни – банкрот, измами, екстремизми, при што системот прикрива огромни средства. Стравот е профит. Така пропаѓаат индивидуи, држави и сојузи. Југославија е финансиска инкарцерација. Нашиот „најдемократски“ устав во светот е „најдемонски“ – војна – масите ги тера на етнобендис, етнобес, одвратност кон другиот, копија на југошизофренијата, скриена шови-инкарцерација. Ете, со овие фигурации ја почнуваме темата за победата. Зошто победата е илузија? Затоа што ниту фашизмот, ниту нацизмот, ниту омразата, ниту егоизмот ги победивме. Стар антисемитизам и нови србофобија, русофобија, исламофобија, македоноцид – подмол на постхуманизмот. Светот е уште пораскинат, поинкарцериран на западен и источен. Дури и „мирот“ за едните е на 8 мај, а за другите на 9 мај 1945 година. Некогаш се славеше победата со знамиња на Југославија и Македонија, патрони празници, а воената парада – помпезна, најнови оружја, демек никој ништо не ни може – пуффф. Последица од светските војни е „ладната војна“ со последица – либерален капитализам, со последица – жешка војна. Сега демек либералниот капитализам е заменет со „суверен“… тинтири-минтири – суверени се големите сили (империи), а ситните се бургии. Дали Македонија е суверена? (Со мафија и УЧК?) Дали ЕУ е суверена? А НАТО? А џихадот? Го победивме фашизмот, па квазикомунизмот, за да нѐ скутнат Љубчо-ванчовизмот, па груевизмот, па Фрч-зајковизмот и ДУИ-џихадизмот. Ах, да-да-да, џихадот е злато за телевизијата! „Слатки сироти џихадисти“ на нашите интелектуални елити. Уставот („најдобар“ во вселената и понатаму), покрај слатки Фрле, ама и Владо Поповски и компанија, ќе мора да се менува како веш (оти сме „суверени“). Дали атрофичниот колаж ЕУ е суверен, скутнат врз ајатолизмот, кој им диктира цени, а Америка ја третира ЕУ како крпа? А што е тоа „длабока држава“? Длабока држава е група што мисли како другите да не мислат. „Другарот“ Владимир Ленин велел дека „експлоатацијата ќе го издигне капитализмот до империјализам, кој ќе се уништи себеси со војна“. А и „другарот“ Џефри Сакс, кој сега е главен „душегрижник“, пропеа, а вие заборавивте дека го растури Советскиот Сојуз со измама, а и Југославија со војна. Но, Кина не успеаја да ја растурат… сѐ во свое време, „другари“! Ако се распадне Кина, стотици милиони Кинези ќе го поплават развиениот свет. Сега тоа го прават џихадистите. Македонија ќе прегрне Кинези или џихадисти? Еве, Србија ги прегрнува и двете! Кај нас има 290 повратници од ИСИС и слични кољачи. Обожаваат сечење глави и грклани. Нашите интелектуалци и медиуми ги обожаваат џихадистите… а бе срце даваат, душа даваат, витамини на интелигенцијата – Хамас, Хезболах и Иран… извинете – таа гнаса, канибофилија им го смукна мозокот! Зборуваат дека Евроазија не е можна – па, со миграциите веќе постои! Ако кажам дека Израел ќе стане арапски – моиве ќе ме „линчуваат“. Сега веќе 30 отсто се Арапи – за колку време ќе бидат над 50 отсто? Дали сум еврејски шовинист ако кажам дека Евреите ќе исчезнат? Старите богаташи го финансираат Израел, а новите го финансираат џихадот – нафта Циле, нафтилије! Џихад го клекна Западот. Израел за Евреите некогаш беше „ветен рај“, а сега е ноќна мора. Можеби имаат некои модифицирани самураи за војни, но малку се, па ќе станат нинџи (ако читате). Ако денес загине еден Американец – Трамп ќе го „линчуваат“. Ајатоласите со милион жртви се херои, а со повеќе – светци небески! Сфаќате ли?
Ќе има ли нова Јалта во Исламабад? – Каки бре – само џихад, батки – „друже ајатолах, ми ти се извинујемо“! А кој може да му се спротистави на џихадот? – Само двајца (жалосно) – фашизам и комунизам. Бирајте! А сега да прејдеме на материјата. Мислам на последните денови од Втората светска војна – победата. Во Москва ќе има техно мегапарада, а во западот наш – понекое колумниче, да не се лутат бабите и Евреите. Морам да бидам неконвенционален, бидејќи историјата сите ја знаат. Покрај филмовите, историчарите, мемоарите, свое мислење имаат и старците, логорашите, селаните, дисидентите, па и Германците, комунистите, џихадистите, па и Бугарите (шинелот има две страни, зар не?). Прво за Хитлер! Дали останал жив? Официјално, знаете, се работи за самоубиство во бункерот на 30 април 1945 година, а по негово барање телото заедно со Ева Браун да биде изгорено. Форензичари велат дека така најчесто остануваат траги од ткива, коски, изгорена крв. Од Ева не е најдено ништо, а од Хитлер наводно вилица – сега доста се негира дека е од него (на ТВ Хистори). Велеа и дека е пренесен во Аргентина – од блиски како пилотот, шоферот, една готвачка… Јас мислам дека не емигрирал, бидејќи имал неколку сериозни болести, а и ако избегал, неговите блиски ќе го ликвидирале. Зошто е создаден Хитлер? За да биде причина за причини! Но го зачуваа главниот наци-разузнавач на истокот Рајнхард Гелен, кој е основач на БНД (разузнавачка служба на Западна Германија), потоа ЦИА, а фактор е и за источните разузнавачки служби, вклучително и нашата УДБА, како и низа наци-милијардерски куќи (читај го de Jong). А работел и со Мосад (како и Скорзени). Има податок дека помогнал и за користење на југословенските служби и финансии. Во војната секој град имал центар Гестапо, Ес-ес, Абвер со специјални субверзивни единици Бранденбург. Во Македонија во секој град имало Гестапо и центар на Ес-ес и, освен Германци, примале само наши (не Италијанци или Бугари). Овие се главен фактор за пенетрирање на Вермахт и Вафен Ес-ес во Европа и СССР. За Јосип Броз е познато дека работел за најмалку 7 агенции – НКВД, НКГБ, Гестапо, УДБА, УНС-усташка, ОСС, МИ6 плус серија на „неврзани земји“,служби што ги формирал тој со специјални агенти, од кои истакнати се Милош Јово, Марко Струње, Јакоб Кабиљо, Лео Матес и др. Водачи на овие служби формирале моќни претпријатија кај нас, на пр. „Генекс“ (Влатко Вишниќ), „Енергоинвест“ (Емерик Блум), академии, а дознаваме дека имале и нуклеарна програма. Сите во соработка со ОЗНА и УДБА – Тито, Ранковиќ, Тимофејев, подоцна Пенезиќ-Крцун, Радосављевиќ, подоцна КОС и СИД и формирање и специјални единици. Пријатели на Тито биле Черчил, кралицата Елизабета Втора, Рерик, Нехру, Асад, Насер, Хрушчов, Брежњев, Берија, Ким Ил Сунг, холивудски ѕвезди, финансиери (Рокфелер, Кастањани, Ањели). Непријатели му биле Хитлер, Троцки, Сталин, Џилас, Мао, Кастро, Кисинџер, Израел… Имплицитен хаос. Љубичиќ и Доланц (Хитлер јунген) му работеа зад грб. Во Македонија повоено службите ги формираа – Мијат Вулетиќ, Макс Баќе Милиќ, Златко Биљановски, Мито Мицајков, Тошо Шкартов, Елисие Поповски, Цветко Узуновски, потоа како латерални, но важни се Љупчо Арсов, Страхил Гигов, Ванчо Бурзевски, Матеја Матевски, Лазар Мојсов, Кочо Поповски, Кочо Битуљану и Боро Чушкар, а потоа во 1950-тите и 1960-тите – според Иван Бабановски -Аризон Несторовски, Методи Станковски, Светислав Митревски, Душко Трајковски, Мирко Буневски, Драгутин Газапи, Божидар Станковиќ-Божо и Ѓуро Д. Ребиќ. По војната поранешни соработници на бугарските, германските служби, Бали комбетар, НДХ, Сигурими и НКВД станале функционери на Југославија и Македонија – колку да знаете.
Важно прашање: Дали денес во овие опасни времиња за светот и Македонија нашите служби може да се носат со светските? Аксиома: три области мора да се еднакви на најсилните – медицина, безбедност и право! Напомена – треба: посебен закон за историјата (lex specialis derogat generali или historia est salus populi suprema lex ist – посебен закон за историјата што е супериорен и е за добросостојба на народот)! Тајна дипломатија? – Немаме, бре Самуеле, нема!
Едно незгодно прашање: Како Хитлер за 6 години (1933-1939) успеал од растурена држава да направи најголема сила, а ние за 35 години – назад? Нобеловецот Милтон Фридман, инаку наш пријател, велеше фактори се: фанатизам, страв, работа (акции), иновации и пари (на пример корпорацијата ИГ Фарбен). Најголема кинетичка енергија во одбраната дојде од Советскиот Сојуз, која се мери со 27 милиони жртви, а можеби и повеќе. Таква енергија е незапирлива и нема „волатилен фактор“ (отстапувања – кажано во математички модел од претходните текстови). Напред тенкови, авијација, по нив артилерија. Континуирано бомбардирање плус логистика – докрај. Армијата ја водеa повеќе маршали, но главен е маршалот Георги Жуков, неспорен херој на Советскиот Сојуз – нов Илија Муромец, со генералот Телиагин, со „бочна поткрепа“ од маршалот Конев, потоа Рокосовски, а накај југ и запад маршалите Толбухин и Бирјузов (Донбас, Романија, Бугарија, Југославија па нагоре – кон „сателитските“ државички (кои јас ги нарекувам „пирани“). Ги ослободија и Евреите од бугарските логори. Сремскиот фронт сотре многу животи. Жуков е познат како „маршал на победата“, советска машина на војната, но неговата „стратешка воена логика“ е повеќе од фрлање броеви, туку енергична софистицираност и висока систематичност. Во отсуство на Тухачевски, практично тој ја изведе неизбежната победа со т.н. „длабока оперативност“ („глубокаја операција“) со планирање („Ставка“), рушење митови, симултаност, длабочина, паралелност на фронт и заднина плус бокови плус удар на секоја слаба точка на широк фронт и од воздух, флуидност, брзина, истрајност – непрестанување, интензивност, тактички трикови, разузнавање, инвентивност „во ход“, со ешалони (еден по друг) за да нема застој и со заобиколување („Kessel“ – тотално уништување делови или цела армија), исцрпување (атриција), постојани набавки и логистика. Ако читаме пошироко, ќе видиме дека овие методи ги применувал уште Џингис-хан, кој единствено ја освоил руската територија, а руските кралеви ги проучувале неговата тактика и методи на војување и разузнавање. Тухачевски и соработниците пред да бидат ликвидирани инсистирале на високи технологии и конструирале најдобри тенкови и ракети – пред тоа да го „украдат“ Германците. Всушност, Хитлер учел од нив кога велел коњицата треба да се замени со тенкови и моторизации, иако целата војна имал „опашки“ од товарни коли и коњи. Тогаш зошто успеал Хитлер да јурне сѐ до скоро Москва за кратко време? Некои од одговорите се ликвидација на некои генерали, потоа „петта колона“, надмоќност на Абвер во почетокот и ненадејност (мемоари на Черчил, Жуков и Манштајн).
Сето тоа го компензирал маршалот Жуков со својата екипа и секако – осцилирачка но одлучна подршка на Сталин, а велат и црквата. Логиката не е само да го турнеш непријателот, туку да ја разориш структурата за да не се повтори. Германското војување е „артистика на големина“, а советското е математика. Максималната добивка на Руската револуција е математиката. Маршалот Жуков, кој е столб на победат,а ја користел спомнатата операција „Глубокаја“ со квантитативни модели за густина на силите каде што е можен продор („соотносение сил и средств“) со „квадратен закон“ – силата е пропорционална со квадратот на единици, и полковник Блото модел (теорија на игри и дистрибуција на сили). Така зазел максимална територија (операција Калинин Гол, Уранус-Сталинград, Курск и Багратион). Војната за Берлин (од 16 април до 2 мај) ја започнал Советскиот Сојуз со армиите на маршалот Жуков (1-та Белоруска) и маршалот Конев (1-та Украинска) со вкупно 2,5 милиони борци, со подршка од Полска, 6.250 тенка и 41.600 артилериски единици. Градот е опколен на 25 април. Бомбардирањето било стравотно. Многу граѓани и заостанати нацисти се самоубиле. Германците имале послаби сили составени од тинејџери (Хитлер јунген, малолетни, некои дури и во Југославија), старци резервисти и од Луфтвафе. Хитлер во целата регресивна фаза бил во паника и ги менувал своите главни воени лидери – Мајнштајн (неуспех кај Сталинград и Курск), Гудериан (неуспех кај Ардените и Курск), Ромел бил ликвидиран (заради атентатот но и поранешни неслагања), потоа врвни фелдмаршали – Бок (уште од операцијата „Барбароса“), Брауншиц (операција „Тајфун“ – Москвас), Фон Рундштед, Фон Леб, Фон Клаист, Хот, Фон Клуге (конспиратор), Гон Вицлебен (конспиратор), Фром, Фон Вајс, Редер, подоцна и Химлер (тајни преговори со сојузниците) и Геринг (неуспеси на Луфтвафе, Сталинград – снабдување и многу друго). Чудо што не го ликвидирал и Шпер, кој наводно не ја исполнил наредбата на Хитлер за тотално уништување на Германија. Шпер е поштеден и во Нирнберг – веројатно му поверувале на лажните изјави, но можеби и поради претходна соработка (можно врзани со „Фау“ и нуклеарната програма).
Загинати се (варијабилни цифри) 80.000 руски војници, 100.000 германски и над 100.000 цивили. Хитлер извршил самоубиство (недокажано) на 30 април, исто и Ева Браун. Хитлер среќа што не ги слушал силните Ромел, Мајнштајн и Дениц. Истиот ден е заземен и Рајхстагот. Едниот договор за капитулација е на 8 мај, а другиот на 9 мај, за жал со многу сплетки и игри. Градот е поделен на 4 зони и практично тогаш е започната и Студената војна. Најсетне Хитлер го назначил генералот Венк од 12-та армија, истакнат дефанзивен воин, за да го брани Берлин. Наместо тоа, тој направил коридор до преку Елба за да се префрлат војници и цивили. Генералот Веидлинг е последен што го брани Берлин, кој сепак на 2 мај ѝ наредил на армијата да се предаде. По повод заземањето на Берлин, маршалот Жуков кажал: „Европа нема да ни прости што го поставивме советското знаме на Рајхстагот“. Всушност и Ајзенхауер го дозволи тоа, со што спречи нова војна. Дали зборовите на Жуков ја „палат“ денес ЕУ за интенционо мамутски да се вооружи? А водачот Макрон – спинира – се врти како Баришников. Која е стратегијата на Хитлер?
Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио
(продолжува)
































