Експлозија на пиротехника во куќа во Шпанија, еден загинат
Едно лице загина, а 26 други, меѓу кои и седум деца, се повредени, при експлозија на пиротехника во куќа во градот Туи во северозападниот шпански регион Галиција, соопшти локалната служба за вонредни состојби.
Според градоначалникот на Туи, Карлос Васкез, станува збор за пиротехника што сопственикот на куќата ја чувал во подрумскиот дел на неговиот дом.
- Тоа складиште било тајно. Не...
Нова рунда преговори за разликите околу името
Нова рунда преговори за името меѓу македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со посредникот Метју Нимиц, ќе се одржи денеска во Њујорк.
Според најавите на премиерот Зоран Заев, македонската страна останува на ставот за предлогот „Република Илинденска Македонија“, додека Коѕијас во пресрет на денешната нова рунда разговори бара Македонија да покаже прагматизам и...
Коѕијас: За решение потребен е прагматизам и реализам од другата страна
Решенија се решенијата со компромис, другата страна да има прагматизам и реализам за да најде решение, вели грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас по средбата со генералниот секретар на ОН, а во пресрет на денешната нова рунда разговори со неговиот македонски колега и медијаторот Нимиц.
- Јас велам дека сум ниту оптимист, ниту песимист, но имам волја да најдам...
Млада девојка загина во сообраќајка во Штип
Млада девојка загина утрово во сообраќајна несреќа во Штип, соопшти полицијата.
Според истиот извор, несреќата се случила во 5 часот и 15 минути, а до неа дошло кога возило марка „ауди“ директно се удрило во електричен столб и преминало на другата страна на булеварот.
Возачот на возилото веднаш е пренесен во штипската Клиничка болница и е во контактибилна состојба. Во несреќата...
Бомба делумно експлодира при операција за деактивирање во Дрезден
Обидот за деактивирање на бомба од Втората светска војна се закомплицира утрово во Дрезден, по што бомбата делумно експлодирала, соопшти полицијата.
Засега нема информации за повредени во таа експлозија. Полицијата не ја исклучува можноста да дојде до уште една експлозија.
- Бомбата сè уште претставува потенцијална опасност – соопшти дрезденската полиција.
Операциите за деактивирање на бомбата се прекинати на неколку часа, за...
Бостон го совлада Кливленд и стигна на чекор до големото финале
Kошаркарите на Бостон Селтикс се на една победа од големото финале во НБА лигата , откако ноќеска го победија Кливленд Кавалирс со 93:86 и поведоа со 3-2 во плејофот од Источното финале.
Повторно како клучна во меѓусебните дуели се покажа разликата што една од екипите ја направи во првата четвртина. Овојпат Бостон подобро стартуваше и по 12 минути имаше двоцифрена...
Железничка несреќа во Италија, двајца загинати
Две лица загинаа, а 18 се повредени на северот на Италија доцна синоќа кога локален воз налета на камион што се заглавил на железнички премин во близина на Торино.
Според италијанските медиуми, несреќата се случила нешто пред полноќ.
Локомотивата и два вагона излетале од шините.
Машиновозачот загинал на лице место, додека еден патник на пат кон болница.
Сообраќајот се одвива по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и...
Променливо облачно и нестабилно време
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 22 до 29 степени
Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилни врнежи од дожд. УВ индексот ќе изнесува 6.
Потоа од петок...
Времен режим по повод дефиле на мотоциклисти
По повод одржувањето на третата ИПА Мото средба на мотоциклисти во организација на Меѓународното полициско здружение ИПА Оддел Македонија и Мото Клуб ИПА Македонија, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денес ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
По дефилето на учесниците на Мото средбата во периодот...







































