Осомничениот за нападот на Парадата на гордоста во Берлин е убиен во полициска акција

Главниот осомничен за смртоносниот напад на Парадата на гордоста во Берлин е застрелан денеска за време на полициска операција, јави германската новинска агенција ДПА. Според информациите, осомничениот бил лоциран околу 18 часот во комплекс со градинарски парцели во берлинската населба Шпандау. За време на интервенцијата, тој наводно тргнал кон припадниците на специјалната полициска единица вооружен со ладно оружје – нож...

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да отвори простор за преговори, тврди амбасадорот на САД во ОН

Американскиот претседател Доналд Трамп донел одлука привремено да ги паузира нападите врз Иран со цел да се создаде простор за обновување на дипломатските преговори, изјави денеска амбасадорот на САД во Обединетите нации, Мајк Волц. Во изјава за „Фокс њуз“, Волц рече дека одлуката на Трамп е насочена кон отворање можност за дипломатско решение, но не изнесе дополнителни детали. -Тој остава простор...

Осум лица приведени поради поседување дрога во Скопје и Тетово

Осум лица се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие во одделни полициски акции спроведени во Скопје и Тетовско, откако кај нив била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Според информациите од МВР, во периодот меѓу 25 и 26 јули, полициски службеници од СВР Скопје на повеќе локации во главниот град ги привеле Ј.Ч. (47), А.Б. (19),...

Олимп впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО

Поширокиот регион на Олимп, највисоката планина во Грција, од денеска официјално е впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО, по едногласната одлука на Комитетот за светско наследство донесена на 48. сесија што се одржува во Јужна Кореја. Одлуката претставува едно од највисоките меѓународни признанија во областа на заштитата на културното и природното наследство, со кое се потврдува исклучителната универзална...

Трагедија на Елбрус: Пронајдени телата на двајца планинари од БиХ, потрагата по уште тројца продолжува

Телата на двајца планинари од Босна и Херцеговина се пронајдени на планината Елбрус, додека спасувачките екипи и понатаму трагаат по уште тројца членови на експедицијата. Поради исклучително неповолните временски услови, се стравува дека и тие ги загубиле животите. Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека двајца членови на седумчлената планинарска група се спасени и медицински згрижени. Според информациите, експедицијата од Босна...

Мицкоски: Македонија не доби дополнителни американски царини, но трговијата со САД не е без царински давачки

Македонија не е меѓу земјите на кои Соединетите Американски Држави им воведоа дополнителни царински давачки, но тоа не значи дека трговијата со САД се одвива без царини, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека царините кон САД се нула додека траат преговорите, Мицкоски рече дека е потребно да...

Мицкоски: Ќе останеме држава со најниски цени на горивата во регионот

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека граѓаните немаат причина за загриженост, истакнувајќи дека Владата ќе продолжи да води политика со која Македонија ќе остане земја со најниски цени на бензините и дизел горивото во регионот, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните работи на клучката кај Момин Поток, Мицкоски изјави дека Владата внимателно ги следи движењата на цената...

Мицкоски: Позајмените средства ќе се искористат за отплата на кредит за автопатите и ќе бидат вратени во август

Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврските кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на институциите и компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање...

Мицкоски: Очекувам утре водата во Гостивар да биде прогласена за технички исправна

Премиерот Христијан Мицкоски очекува утре надлежните институции да соопштат дека водата во Гостивар повторно е технички исправна за користење, посочувајќи дека во тек е хиперхлорирање на водоводната мрежа и дека досегашните анализи покажуваат позитивни резултати, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните работи на клучката кај Момин Поток, Мицкоски изјави дека екипи на ЈП „Водовод и канализација“...

Клучката кај Момин Поток е 75 отсто завршена, ќе биде пуштена во употреба до Нова година

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се реализирани 75 проценти, а проектот ќе биде целосно завршен и пуштен во употреба до Нова година, најави денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, при увидот на терен заедно со премиерот Христијан Мицкоски, пренесе МИА. Според Ѓорѓиевски, проектот пред седум месеци бил во застој, со реализирани само 10 проценти од постапката за експропријација,...