Мелони: ЕУ треба да има еден претставник за преговори со Русија
Европските сојузници на Украина треба да назначат единствен претставник за преговори со Русија за прекин на војната, им рече денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони на пратениците во италијанскиот Парлемeнт, додавајќи дека помалите групи нации не можат да го претставуваат целиот блок.
Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија, кои предводат неформален безбедносен сојуз наречен Е3, во неделата се сретнаа со...
Иран го потврди затворањето на Ормускиот Теснец
Новото иранско тело задолжено за следење на Ормускиот Теснец го потврди целосното затворање на овој стратешки воден пат „до понатамошно известување“, откако Корпусот на Исламската револуционерна гарда донесе таква одлука во текот на ноќта.
Управата на Персискиот Залив (PGSA) објави на социјалната мрежа Икс дека „поради тензиите предизвикани од агресијата на американските сили во регионот и соопштението кое синоќа го...
Николоски: Интензивно се гради пругата Скопје – Софија, со 29 моста и 15 тунели
Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце - Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија - истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со дитекторот на ЈП „МЖ Инфраструктура“ и претставници од изведувачот „Ѓулермак“ изврши...
Барањата од Бугарија се истите од 2022 година, мора да бидеме оптимисти и да ги штитиме националните интереси, смета Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема нови барања од Бугарија за деблокада на интеграцијата на државата во ЕУ истакнувајќи дека тие барања се уште од 2022 година и оти, како што наведе, чекале три години да ги слушнат цела Европа и светот, како и граѓаните што биле жртви на манипулативната политика на поединци. Останува оптимист и посочува дека разговараното...
Поминаа предлог-законите за ТИРЗ, за индустриски зелени зони, за енергетска ефикасност, за угостителска дејност
На денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за измени и дополнувања на Законот за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), за индустриски зелени зони, за енергетска ефикасност, за угостителска дејност, како и Статутот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (I фаза).
Предлог-законот...
Преземени мерки за справување со пожарите
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ги презела сите мерки за справување со евентуални пожари сезонава. Сите три воздухоплови, вели тој, се сервисирани навреме, како и воените возила што минатата година беа пренаменети за справување со пожари. Со заклучок на Владата од 1 јули ќе се воведе забрана за движење низ шумите, а општините ги проверуваат капацитетите и евентуаните...
Десетици заинтересирани компании за дата-центри
Владата останува на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти, а според премиерот Христијан Мицкоски, податоците за првиот квартал од годинава се показател дека македонскиот БДП е еден од најдобрите во Европа.
- Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5 проценти. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1 проценти,...
Следната недела разговори за реконструкција на Владата
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе ги почне разговорите за најавената реконструкција на Владата, која, потенцира денеска во изјава за медиуми, влегува во втората половина на мандатот и политички умно е да биде подготвена на секакви сценарија, како што се и предвремени парламентарни избори.
- За брзо време веќе сме во втората половина на нашиот мандат, ќе имаме...
Турците, Германците, Србите и Французите најбројни странски туристи во земјава
Во април годинава во земјава се евидентирани 97.358 туристи кои оствариле 174.649 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 20,5 % се домашни, а 79,5 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број ноќевања, 26,8 % се од домашните туристи, а 73,2 % од странски.
Во периодот јануари – април 2026 година, во однос на истиот период од претходната...
Изведена е првата робот-асистирана операција во земјава
Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ при Медицинскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје беше добиен и поставен демо роботски хируршки систем EdGe Medical на кој успешно е изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија, а според достапните информации и прва од ваков тип во поширокиот регион.
Станува збор за уролошка операција кај пациент со...








































