Салата „Расадник“ во Кисела Вода поставува нови стандарди во спортската инфраструктура, вели Мицкоски

Условите во спортската сала во Општина Кисела Вода се навистина светски, европски, можеби најсовремени од ваков тип во државата, истакна денеска  премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на спортската сала „Расадник“ во општина Кисела Вода, објект кој, според него, поставува нови стандарди во спортската инфраструктура во земјата. Мицкоски истакна дека салата, со капацитет од околу 1.000 гледачи, нуди услови кои се...

Битолски театар со „Едмонд“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Две претстави се вечерва на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“. „Едмонд“ на Народниот театар од Битола во режија на Оливер Мицевски, во официјална конкуренција е од 19 часот на сцената од ЦК „Марко Цепенков“. Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф е Благој Мицевски, а музиката - на Марјан Неќак. Играат: Огнен Дранговски, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Марјан Георгиевски, Ана Грамосли,...

Фотографски проект на младата авторка Јана Наскова

Во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ вечерва, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии на младата авторка Јана Наскова, која е резултат на едномесечната резиденција реализирана во рамките на иницијативата „Градски ѕид за нови лица на македонската културна сцена“. Изложбата претставува прв јавен настан од оваа иницијатива, преку која „Лабораториум“ ги поддржува и афирмира новите генерации уметници и...

Јубилејно петто издание на „Маалски фестивал“

Јубилејното петто издание на „Маалски фестивал“ ќе се одржи на 11, 12 и 13 јуни во КСП Центар - Јадро и во Паркот на франкофонија. Во текот на трите фестивалски дена посетителите ги очекуваат добропознати маалски програми и лица од претходните изданија, но и нови содржини што ќе го обележат јубилејот: работилници, изложби, уметност во јавен простор, филм, музика,...

Наградите се признание за нашиот придонес во театарот

Лауреатите на „Војдан Чернодрински“: Атила Клинче, Веби Ќерими, Љубомир Чадиковски и Сашо Миленковски МТФ „Војдан Чернодрински“ на достоен начин, со доделување на наградите за животно дело, им се оддолжи на четворица творци што неуморно низ годините даваа придонес за развојот не само на театарот во Македонија туку и на фестивалот „Војдан Чернодрински“. Годинашни лауреати се актерите Атила Клинче и Веби...

Во април за 38 проценти помалку одобренија за градење, ќе се градат 722 стана

Во април годинава издадени се 291 одобрение за градење, што е за 38 проценти помалку во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу одбренија за градење, 83, издадени се во Полошкиот регион, по што следуваат Скопскиот, 72, Југозападниот, 32, Источниот, 28, Југоисточниот, 26, Пелагонискиот, 24, Североисточниот, 3. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува...

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентира докази за „Рубикон“ – агенцијата што ја обезбедуваше опожарената диксотека

Со изведување материјални докази од Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентира докази за Агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити солушнс“, а се однесуваат на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс", планот за надзор и на...

Алиу: Изминатата година поставена насока – здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара

Изминатата година поставена е нова насока - здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара, се наведува министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиумите по повод една година од преземањето на министерската функција. - Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во кој проблемите можат да се...

Бугарија ја прекинува испораката на оружје за Украина

Новата бугарска влада зазема став дека Украина треба да преговара за мир со Русија под посредство на ЕУ Бугарија повеќе нема да обезбедува оружје за Украина изјави новоназначениот министер за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов, при што ги повика Москва и Киев да седнат на преговарачка маса за да ѝ се стави крај на војната, објави новинската агенција БТА. -...

Брисел зазема страна во политичката криза во Албанија со предупредување до Тирана

Европската комисија предупредува дека проектот поврзан со Џаред Кушнер би можел да ја стави Албанија во судир со еколошките правила на ЕУ, загрозувајќи ја нејзината способност да го затвори зеленото Поглавје 27 во преговорите за пристапување Европската комисија ја предупреди официјална Тирана против дејства што можат да влијаат на нејзиниот пат кон пристапување кон Европската Унија, во услови на...