Во април годинава во земјава се евидентирани 97.358 туристи кои оствариле 174.649 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 20,5 % се домашни, а 79,5 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број ноќевања, 26,8 % се од домашните туристи, а 73,2 % од странски.
Во периодот јануари – април 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 3,5 %. Кај домашните туристи има намалување за 0,1 %, а кај странските зголемување за 4,8 %.
Вкупниот број на ноќевања, пак, е зголемен за 0,3 %, кај домашните туристи има намалување за 0,2 %, а кај странските зголемување за 0,6 %.
Најголем број од странските туристи биле од Турција (11.826), од Германија (11.463), од Србија (6.073) и од Франција (5.695).

































