Голем пожар повторно избувна и беснее на територијата на општина Штип, каде во моментов се одвива сериозна спасувачка операција.
На терен веќе е активиран и дејствува еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за да го локализира огнот од воздух, соопшти Стојанче Ангелов.
Според првичните информации кои ги соопшти Ангелов, во пожарот има и едно повредено лице, кое е сопственик на викендица во зафатениот регион.


































