Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица попладнево ги зафати Скопје и Куманово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Од силниот ветер во Кисела Вода падна дрво, летаа лимени конструкции и огради, корпи за отпадоци и останати помали предмети. Дрво падна и во Капиштец кај „Зебра“. На булеварот „Партизански одреди“ летна кров од зграда. Евидентирани се штети на семафори, на возила….
Во општина Гази Баба пак, силниот ветер го откорна кровот на ООУ „наум Наумовски Борче“.
– Во овој момент, општина Гази Баба е погодена од невреме кое зад себе остава последици. Урнат е кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, а имам информација и за голем број на паднати дрва. Тимовите се формирани и веднаш штом се создадат услови ќе се излезе на терен и ќе се делува – соопшти градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.










































