КОШАРКА – ВО НОВАТА НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА
Дури 10 од 20 учесници во елитното европско натпреварување го сменија својот главен тренер во споредба со почетокот на ланската сезона
Кошаркарската Евролига ќе влезе во новата 2026/2027 сезона со голем број нови тренери што ќе седат на клупата. Дури 10 од 20 учесници во елитното европско натпреварување го сменија својот главен тренер во споредба со почетокот на ланската сезона, што претставува една од најголемите тренерски промени во последните неколку години во ова натпреварување. Меѓу клубовите што ја започнаа новата ера со нови тренери се: Барселона, Реал Мадрид, Панатинаикос, Црвена звезда, Баерн, Асвел, Виртус, Валенсија, Париз и Дубаи.
Враќањето на Жељко Обрадовиќ на клупата на ПАО е најголемиот кошаркарски трансфер летово, како и доаѓањето на Педро Мартинез на кормилото на Реал. Тренерското ангажирање на Тони Паркер во Асвел исто така предизвика големо внимание, како и тоа што Ибон Наваро ќе ја предводи белградска Црвена Звезда. Дубаи и Барселона направија тренерска размена, па така Словенецот Александар Секулиќ дојде во Каталонија, а Чави Пасквал отиде во спротивна насока. Алекс Мумбра ќе го предводи Виртус, Чави Алберт Валенсија, а Антон Гавел го наследи Светислав Пешиќ во Баерн Минхен. Последен што повлече потег беше францускиот клуб Парис, кој официјално објави дека нов тренер е Макс Лефевр, поранешниот помошник на Минесота тимбервулвс. Г.И.
































