Манчестер Јунајтед е најскапиот клуб во Европа

Манчестер Јунајтед е најскапиот клуб во Европа, според извештајот на холандската компанија за бизнис и услуги „КПМГ“. Ревизорската куќа го проценува клубот од „Олд Трафорд“ на 3,255 милијарди евра. „Црвените Ѓаволи“ се најдоа на врвот на листата пред шпански тимови Реал Мадрид (2,92 милијарди евра) и Барселона (2,78 милијарди евра). Германскиот шампион Баерн Минхен е рангиран на четвртото место со околу...

Над 50 загинати во тропско невреме во Сомалија

Над 50 лица загинаа во невремето проследено со силен ветер и поројни дождови, предизвикано од тропскиот циклон Сагар, што го погоди северниот дел на Сомалија. Потпретседателот на сомалискиот сепаратистички регион Сомалиленд, Абдирахман Абдулахи изјави дека засега е потврдена смртта на над 50 лица, додавајќи дека се стравува оти бројот на загинати може да биде поголем, бидејќи неколкумина се водат како...

Сериозни пропусти утврдени во документите за работа на бањите

Министерството за здравство направи анализа на сите документи за работата на Катлановска бања и три други бањи и беа утврдени сериозни пропусти во документацијата, а регистрирано беше и дека некои процеси се влечкаат веќе десеттина години и дека не се постапувало по нив. Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека им укажале на сите бањи што треба...

Рубинчо Белчески – најдобар музејски работник во Македонија

Прилепскиот историчар и кустос Рубинчо Белчески е прогласен за музејски работник на годината во Македонија. Одлуката ја донесоа претставници на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите. Наградата Белчески ја доби за неговиот труд во реализацијата на изложбата „Ченто биографија низ фотографија“ во Прилепскиот завод и музеј, но и за неговиот целокупен општествен ангажман како историчар. Рубин Белчески зад...

Отворен Центар за спортски трауматизам во ГОБ „8 Септември“

Професионалните спортисти и оние кои се занимаваат со рекреативен спорт, кои имаат пострауматски повреди, ќе бидат третирани во Центарот за спортски трауматизам кој беше отворен денеска во Одделението за ортопедија и трауматологија при Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.  На отворањето на Центарот присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека ќе има систем за закажување за хронични...

Адвокатите на Груевски ќе поднесат жалба на пресудата за „Тенк“

Адвокатот на Никола Груевски, Димитар Дангов по изрекувањето на пресудата пред Кривичниот суд рече дека се незадоволни и најави дека вложат сериозна жалба поради ваквата пресуда. - Како одбрана во овој предмет силно жалиме што Основниот суд Скопје 1 не ја прифати нашата силна аргументација која што со леснотија ќе го доведеше овој суд при изрекување на пресудата да донесе...

„Аутдор-фестивал“ во најзелениот предел Азот

Од 25 до 27 мај во селото Богомила, општина Чашка, четврти пат се одржува велосипедски офроуд-настан, кој поради проширувањето на активностите оваа година прерасна во „аутдор-фестивал“ Велосипедистите четврти пат ќе ја возат патеката низ чудесниот крајолик на областа Азот, најчистиот дел од Македонија. Во организација на „Велес бајкинг“, оваа година, од 25 до 27 мај, во селото Богомила, општина Чашка,...

Значително поефтинување на Тесла автомобилите за кинескиот пазар

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла најави дека ќе ја намали цената за својот Модел Х во Кина за дури 14.000 долари, откако кинеските власти најавија драстично кратење на царините за увозни автомобили од 25 на 15 проценти. Одлуката доаѓа како дел од трговските преговори меѓу САД и Кина, во кои Вашингтон побара од Пекинг да го отвори својот пазар...

ВИДЕО: Дупки во тревникот на Белата куќа

Медиумската мрежа Гласот на Америка јави дека нејзиниот новинар Стив Херман забележал „големи дупки“ во тревникот на Белата куќа во близина на просториите за прес- конференции, од кои една ја опишал како „вистинска бездна“. - Дупката видливо се зголеми помеѓу неделата и понеделникот, објави Херман на Твитер, додавајќи дека таа е широка околу 30 сантиметри, како и дека до неа се...

Идеите на Александар мост за разбирање и соработка

ДА ПРОДОЛЖАТ ИЛИ ДА СЕ ПРЕКИНАТ ПРЕГОВОРИТЕ ОКОЛУ „РАЗЛИКАТА“ ЗА ИМЕТО НА НАШАТА ДРЖАВА? (13) Сакам да верувам дека, постојат милион можности, кои би можеле да помогнат да се дојде до решавање на кој и да бил и каков да бил проблем. Но, за да би било тоа можно и еднакво прифатливо и за двете страни потребно е секоја од...