Коха: Српска листа почна да го признава Уставот на Косово

Најголемиот политички субјект на Србите во Косово, Српска листа, се залага за промена на Уставот и на другите законски акти на Косово, со цел да се формира Заедницата на општините со мнозинско српско население, пишува порталот „Коха.нет“. Со тоа, според порталот, политичките претставници на косовските Срби почнаа да го признаваат Уставот на Република Косово, како и нејзините закони. - Во најмала...

Морган Фримен обвинет за непримерно однесување и сексуално злоставување

Повеќе жени го обвиниле актерот Морган Фримен поради непримерно однесување и сексуално злоставување, објави Си-ен-ен. Обвиненијата се појавија денеска, кога неидентификувана жена изјави за Си-ен-ен дека актерот ја злоставувал во 2015 година кога работела како асистент на продукцијата во комедијата „Во голем стил“, во која глумеше Фримен. Жената вели дека Фримен често непримерно ја допирал и имал коментари за нејзиното тело...

Украина ја забрани работата на Риа Новости на своја територија

Украина денеска и забрани на руската новинска агенција Риа Новости работа на своја територија, како дел од новите санкции воведени за Москва, една недела по апсењето на директорот на агенцијата во Киев под обвинение за „велепредавство“. Риа Новости и Интерселект, компанијата што ги води бизнисите на агенцијата во Киев, се сместени на три години на црната листа на Националниот совет...

Новинските агенции имаат иднина – брзите и вистинити вести се нивна предност

И покрај предизвиците, како што се многу нови платформи за вести, лажни вести, префрлување на огласувањето и профитот на Гугл и други глобални платформи, новинските агенции имаат иднина, и уште повеќе, имаат блескава иднина, токму во околностите во кои тие остануваат единствениот веродостоен извор на точни информации, вели Јан Филипс, еден од директорите на АП. Иднината на...

Трамп го откажа состанокот со Ким Џонг-ун

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска го откажа долго планираниот и очекуваниот самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг- ун, кој требаше да се одржи на 12 јуни во Сингапур. Во соопштението од Белата куќа се вели дека Трамп го откажал самитот со Ким поради „огромниот гнев и отвореното непријателство на Ким во неговото неодамнешно соопштение“. - Се радував однапред дека ќе...

Русија негира било каква вмешаност во соборувањето на малезискиот авион

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нема ништо со соборувањето на авионот МХ17 во источна Украина во 2014 година. Министерството ги отфрли тврдењата на Меѓунардониот истражен тим, изнесени денеска, дека руска ракета „Бук", испукана од руската база во Курск, го соборила малезискиот авион. Ракетата, тврди истрагата, била испукана од 53-тата Противвоздушна ракетна бригада стационирана во близина на градот Курск...

Ракометар на Металург нападнат по мечот со Еурофарм

Ракометарот на Металург, Филип Кузмановски бил нападнат синоќа по завршувањето на ракометниот натпревар помеѓу тимот од Автокоманда и Еурофарм. Инцидентот го потврдија и од МВР од каде информираат дека 23 годишниот скопјанец со иницијали А.Б. го извршил нападот, кога ракометарот излегувал од соблекувалната. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Македонија стана полноправна членка на Јадранско – јонската иницијатива

Република Македонија и формално стана полноправна членка на Јадранско - јонската иницијатива на состанокот на Советот на министрите за надворешни работи на оваа иницијатива што се одржа денеска во Катања, Сицилија. Делегација од македонското МНР предводена од Државниот секретар Виктор Димовски, учествуваше на состанок на покана на министерот за надворешни работи на Италија, Анџелино Алфано, во улога на земја претседавач...

Со лепче со паричка кичевските просветари го одбележаа денот на сесловенските просветители

Просветните работници од кичевските училишта, со лепче со паричка, заедничка прошетка и ручек во природа, го одбележаа денот на сесловенските просветители 24 мај. -Традиција секоја година денот на сесловенските просветители 24 Мај, да се одбележи со лепче со паричка и заедничка прошетка во природа продолжи и годинава.Така најпрво во црковниот храм „Св. Петар и Павле“ во Кичево,...

Фон дер Мил: Решение за името е во интерес на Македонија и Грција, но и на регионот и Европа

Франција денеска ги охрабри властите во Македонија и Грција за продолжување на напорите за постигнување решение за името што се водат под покровителство на ОН, со цел постигнување на долгоочекуваниот договор. - Франција ги поддржува напорите на Скопје и на Атина, во координација со медијаторот на Обединетите нации, за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение поврзано...