Силуанов: Санкциите и помогнаа на Русија
Санкциите на Западот всушност и користеа на Русија бидејќи ги поттикнаа реформите, изјави денеска рускиот вицепремиер и министер за финансии Антон Силуанов.
- Санкциите го олеснија спроведувањето на реформите во Русија, во буџетската политика, структуралните реформи – рече Силуанов во говор на меѓународен економски форум во Санкт Петерсбург.
Тој додаде дека санкциите ги поттикнале да бидат побрзи со реформите.
Ново инспиративно место за млади, динамични старт-ап идеи – Sparkasse Room
Скопје денеска доби ново инспиративно место за млади, динамични старт-ап идеи - Sparkasse Room.
Во соработка со „Јавна соба“, Шпаркасе Банка Македонија креираше простор што е модерно дизајниран и технички опремен, за да му понуди на „младиот“ бизнис-сектор релаксиран амбиент што ќе ја поттикне креативноста и ќе внесе свежина во начинот на работа.
Sparkasse Room ќе се користи и за...
Машки труп пронајден во Вардар
Машки труп е пронајден утрово во водите на Вардар во општина Желино.
Телото не е идентификувано, а според првичните сознанија се претпоставува дека станува збор за 93-годишно лице кое е пријавено како исчезнато пред 10 дена од село Стримница, општина Желино.
Се очекува екипи на Противпожарната единица на терен да го извлечат пронајдениот труп.
Полицијата го обезбедува местото, по што...
ЕК нема да го казни „Газпром“
Европската комисија(ЕК) денеска одлучи да не го казнува рускиот гигант „Газпром“, кој беше под истрага за злоупотреби на пазарите во Источна и Централна Европа.
Европската комесарка за конкуренција Маргрет Вестагер изјави дека е постигнат договор со „Газпром“, кој треба да ја натера руската компанија да ги почитува правилата за конкурентност на Европската Унија.
ЕК од 2011 ги разгледува сомнежите за злоупотреба...
Северна Кореја го уништи полигонот за нуклеарни тестови
Северна Кореја денеска, во присуство на странски новинари, го уништила полигонот за изведување нуклеарни проби.
Полигонот Пунгџери се состои од мрежа од тунели ископни длабоко под планината Мантапсан, во ретко населениот североисточен дел на државата.
Во овој полигон Северна Кореја ги изведе сите свои шест нуклеарни тестови.
На уништувањето на полигонот присуствуваа само странски новинари, но не и меѓународни инспектори.
Одлуката на Северна...
Велешкиот театар на фестивал во Русија
Театарот „Јордан Хаџи Контантинов-Џинот“ од Велес со комедијата „Вдовицата се мажи“ во режија и адаптација на Младен Крстевски, од денеска до 31 мај ќе настапува на Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ во Москва.
„Вдовицата се мажи“ е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон Павлович Чехов, напишана во 1888 година, која на комичен и атрактивен начин за гледање ја следи приказната...
Блокиран автопатот кај Солун, протестираа мигранти
Околу 250 мигранти денеска на околу еден час блокираа автопат во близина на Солун, изразувајќи го на тој начин своето незадоволство од условите во мигрантскиот центар во кој се сместени.
Учесниците на протестите во најголемиот број беа Курди сместени во мигрантскиот центар „Диавата“, западно од Солун, каде чекаат на одговор на нивните барања за азил.
Протестот предизвика застој во сообраќајот...
Посебен сообраќаен режим по повод Задушница
Сообраќајната полиција, по повод верскиот празник „Задушница“, утре, како и за време на викендот ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во периодот од 6:00 до 16:00 на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров.
Како што информира МВР, на гробиштта Бутел сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила...
Фатени македонски државјани што сакале да прошверцуваат дрога од Грција во Италија
Двајца македонски државјани биле уапсени на влезот на грчкото пристаниште Игуменица со шест килограми и 560 грама хероин, спакувани во 13 пакети, во обид со своето возило да прошверцуваат хероин.
Станува збор за македонски државјани на возраст од 41 и 48 години.
Дрогата била скриена во внатрешноста на шасијата на автомобилот, а ја открило полициското куче.
Локалните медиуми пишуваат дека уапсените,...
Британија ќе бара од ЕУ да и врати пари за системот „Галилео“
Британската Влада се подготвува да побара една милијарда фунти од Европската Унија, за нејзиното учество во системот „Галилео“, откако Брисел најави дека Лондон ќе треба да го напушти системот, заедно со напуштањето на Унијата, соопштија британски владини извори.
Системот „Галилео“ е европскиот ривал на американскиот ГПС систем за сателитска навигација. Европската Унија го лансираше проектот во 2003, а тој треба...







































