Пјонгајнг не се откажува од преговорите со САД
Пјонгјанг и натаму е подготвен да преговара со САД и покрај одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за откажување на неговата најавена средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, изјави денеска првиот заменик-министер за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Кје-гван.
- Одново ја изразуваме нашата подготвеност да седнеме со САД лице в лице и да ги решиме проблемите во секое...
Премиерот Заев на аудиенција кај папата Франциск
Премиерот Зоран Заев денеска во рамки на посетата на Република Италија и на Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, ќе присуствува на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
Според агендата, премиерот Заев, кој ја предводи владината делегација во чиј состав се вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за култура Роберт...
Се очекуваат информации од Њујорк за можен исчекор во преговорите
Во зградата на ОН во Њујорк денеска треба да продолжат разговорите за надминување на спорот за името на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, медијаторот Метју Нимиц.
Средбата треба да започне во 15.30 часот, а по завршување на денешната рунда се очекува учесниците...
Лев: Ако е Ноер подготвен, ќе биде во Русија
Голманот на Германија, Мануел Ноер е целосно опоравен од повредите и може да игра на Светското првенство во 2018 година во Русија, изјави германскиот селектор Јоаким Лев пред почетокот на кампот во северна Италија.
Триесет и двегодишниот Ноер се опорави од фрактурата на стапалото што ја доби во септември минатата година. Тој беше подложен на операција и ја...
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне во јужните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 19 до 29 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 27 степени.
УВ индексот ќе изнесува 7.
Финалето во ЛШ во 2020 година ќе се игра во Истанбул
Финалето на Лигата на шампионите во 2020 година ќе се одржи во Истанбул на Олимпискиот стадион во Ататурк, потврди УЕФА.
Одлуката беше донесена во Киев за време на состанокот на Извршниот комитет на Европскиот фудбалски штаб. На 26 мај во главниот град на Украина ќе се одржи финалето на годинашното издание на најпрестижниот клупски турнир во светот, додека кандидатите...
Шест часа преговори околу разликите за името, во петок нов обид за договор
Заврши средбата на министерите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со личниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, по шестчасовни разговори зад затворени врати во седиштето на ОН во Њујорк.
Средбата продолжува утре претпладне по њујоршко време или 15.30 часот по македонско време, а по завршување на утрешната рунда се...
Премиерите Заев и Борисов на заедничко чествување на сесловенските просветители во Рим
Владина делегација на чело со премиерот Зоран Заев денеска, во рамките на посетата на Република Италија и на Светата Столица (Ватикан) по повод Манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ учествуваше во заедничките активности за чествување на делото на светите браќа Кирил и Методиј, со делегацијата на Република Бугарија предводена од премиерот Бојко Борисов.
Двете владини делегации предводени учествуваа на...
Баерн не го продава Левандовски
Претседателот на Баерн Минхен Ули Хенес нема да го продаде напаѓачот Роберт Левандовски, кој се обидува да договори трансфер.
Многу информации се откриени во последниве денови, според кои англиски Челзи и француски ПСЖ, се подготвени со понуда, со која би можеле да ги стават во искушение шефовите на баварскиот гигант.
Левандовски долго време се смета за трансфер цел на...
Германските власти му наложија на Мерцедес да повлече дизел комбе
Компанијата за производство на автомобили Дајмлер соопшти дека германските регулатори за моторни возила и наложиле да го повлече моделот „Вито“, што го произведува фабриката „Мерцедес-бенз“, бидејќи при контрола утврдиле дека тоа возило не ги исполнува законските барања во поглед на емисијата на гасови.
Од Дајмлер порачаа денеска дека се во тек подготовки за софтверско унапредување на контролниот систем на моторот...







































