Избрана комисијата за истражување на последиците од НАТО бомбардирањето во Србија

Српскиот парламент денеска ги избра членови на Комисијата за истрага на последиците од бомбардирањето на НАТО во 1999 година, со задача да утврди како нападите влијаеле врз здравјето на граѓаните и животната средина во Србија. За претседател на Комисијата е избран Дарко Лакетиќ, пратеник од владејачката Српска напредна партија (СНС) и претседател на парламентарната Комисија за здравство. Потпретседател ќе биде претседателката...

Загрозен престојот на Асанж во амбасадата на Еквадор?

Речиси шестгодишниот престој на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон, е загрозен, со што се отвора пат за неговото апсење од страна на британските власти и евентуалната екстрадиција во САД, соопштија повеќе извори за Си-Ен-Ен. Иако Асанж претходно тврдеше дека неговата позиција во амбасадата е загрозена, извори тврдат дека сегашната ситуација е „невообичаено лоша“ и...

Првичниот план за средбата на Трамп со Ким Џонг-ун и натаму е во игра?

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Америка разговара со Северна Кореја и додаде оти иако беше откажан самитот со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, сепак, и натаму е можно тој да се одржи на 12-ти јуни во Сингапур. Тој на новинарите им порача дека „сите играат игри", и одговарајќи на прашање за самитот, првиот човек на САД рече оти ќе...

Нимиц: Сѐ уште нема конечно решение, но двете страни се одлучни да го најдат

Сѐ уште нема конечно решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција, но двете страни се одлучни да продолжат да работат се додека не се пронајде, изјави кусо денеска во Њујорк медијаторот на Обединетите нации во преговорите меѓу двете земји Метју Нимиц, по разговорите со шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коѕијас. - Како што знаете имавме средба...

Дехари ги најави идните проекти пред граѓаните на Кичево

Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари имаше отчет за сработеното во изминатите шест месеци и ги најави проектите кои треба да се реализираат до крајот на неговиот втор мандат, пред голем број присутни членови на партијата и граѓани, на градскиот плоштад во Кичево. Тој истакна дека во изминатиот период во Кичево и село Зајас променети се водоводните цевки со нови...

Од Струмица тргна европската кампања за минимален приход

Од Струмица денеска почна европската кампања за гарантирани шеми за минимален приход во Македонија. Со пристигнувањето на автобусот на ЕУ, кој тргна од Брисел и ќе посети земји членки и земји кандидати за членство, беше означен почетокот на кампањата со потпишување на автобусот и петиција за донесување закон за минимален приход во Македонија. - Идеата е да бидеме гласни, да бидеме...

Западот бара одговорност од Русија за уривањето на малезискиот авион над Украина

Европската унија, НАТО, како и владите на Холандија и Австралија денеска ја повикаа Русија да преземе одговорност за уривањето на малезискиот патнички авион над источна Украина во јули 2014 година, при што загинаа 298 лица. Повиците за руска одговорност следуваат откако вчера меѓунардониот истражен тим соопшти дека утврдил оти авионот било погоден со ракета довезена во Украина од Русија. Европската Унија...

Заев: Свети Кирил и Методиј се силни темели за историските врски меѓу Македонија и Ватикан

Длабоко вкоренетата традиција на меѓурелигиска толеранција, почитување на разни верски убедувања и негување на верските слободи во Република Македонија беше една од темите на денешната с редбата на премиерот Зоран Заев со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Заев денеска беше на аудиенција кај папата, со кого имаше тет-а-тет средба, а потоа поглаварот на Римокатоличката црква ја прими македонската делегација,...

Седум земјотреси на Спорадските Острови и Крит

Вкупно седум земјотреси со послаб интензитет се регистрирани денеска во период од неколку минути во реонот на Спорадските Острови и Крит во јужниот дел на Егејското Море. Според Атинскиот сеизмички инстиут, првиот и најсилен потрес, со интензите од 3.8 степени според Рихтеровата скала, бил регистриран во близнината на островот Крит. По ова, следела серија од пет земјотерси во реонот на Спорадските...

Еврокомесарот Московичи ги поздрави реформите за фискална транспарентност

Министерот за финансии Драган Тевдовски и македонската делегација денеска во Брисел имаа работен состанок со еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московичи. На средбата, информираат од Министерството за финасии, еврокомесарот Московичи ги поздрави реформите во насока на зголемување на фискалната транспарентност. - Тевдовски ја потенцираше посветеноста на реализација на стратегијата за управување со јавните финансии. Стратегијата која за беше презентирана...