Франција не е ништо посебно, а Погба мисли само на фризурата
Селекторот на фудбалската репрезентација на Данска, Аге Хареиде, во изјава за противниците на неговиот тим на Светското првенство во Русија, наведе дека на Франција не гледа како на голема опасност.
Австралија, Перу, Данска и Франција се наоѓаат во групата Ц на Мундијалот, а Французите важат за фаворити.
Но, според данскиот селектор Франција не може многу да постигне на ова светско првенство...
Ракописи на Марсел Пруст продадени на аукција за 750 илјади евра
Оргинални ракописи на францускиот писател Марсел Пруст беа продадени на аукција во Париз за 750.000 евра, соопшти аукциската куќа „Сотебис“.
Најскапо, за 132.500 евра, беа продадени ракописите со делови од романот „Во крајот на Сван“, кои претходно беа проценети меѓу 30.000 и 50.000 евра.
Потретот на Пруст нацртан со молив од страна на Жан-Бернар Ешман беше продаден за 45.000 евра, иако...
Постхумно рехабилитиран боксерот што беше инспирација за ликот на Аполо Крид во „Роки“
Американскиот претседател Доналд Трамп постхумно го рехабилитираше поранешниот шампион во тешка категорија, боксерот Џек Џонсон, кој пред повеќе од еден век е осуден по тогашните закони со кои биле дискриминирани Афроамериканците.
Претседателот на САД пред еден месец најави дека размислува за рехабилитацијата на Џонсон, а случајот му го посочил познатиот холивудски актер Силвестер Сталоне. Според Сталоне, поранешниот шампион во тешка...
Кутињо има дополнителен мотив да навива за поранешниот клуб во финалето на ЛШ
Фудбалерот Филипе Кутињо, кој во јануари премина од Ливерпул во Барселона за 142 милиони фунти, ќе биде меѓу оние кои ќе добијат медал од англискиот клуб по финалето на Лигата на шампионите (ЛШ).
Бразилскиот фудбалер сакаше да си замине од „Енфилд“ уште минатото лето, но трансферот му беше одобрен дури на крајот од јануари. Поради настапот за Ливерпул не можеше...
Работнички ја слави петнаесеттата титула, прекината низата на МЗТ Скопје
Кошаркарите на Работнички го совладаа МЗТ Скопје со 87-84 на домашен паркет, со што ја освоија 15-та шампионска титула, со максимални 3-0 во победи во финалната серија од плејофот.
Најтрофејниот македонски клуб стигна до трофејот по пауза од девет години, прекинувајќи ја низата на вечниот ривал, кој беше шампион во последните шест изданија од првенството.
Чавдар Костов од Работнички беше најефикасен...
Роналдо не ги сака споредбите со Салах
Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, пред финалето на Лигата на шампионите истакна дека не гледа потреба од споредбите со најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах, бидејќи и двајцата се посебни на свој начин.
- Луѓето сакаат да ме споредуваат со други играчи. Јас сум поинаков од сите нив, како што е и Салах поинаков од другите. Тој игра со...
Европските власти веруваат во брзо решение за блокираните интернет-страници во ЕУ
По стапувањето на сила на новата европска регулатива за заштита на личните податоци денеска во целата Европска Унија се појавија првите проблеми: некои интернет страници едноставно не им се повеќе достапни на европските корисници.
„Лос Анџелес тајмс“, „Чикаго трибјун“, „Њујорк дејли њуз“, ова се само неколку од американските интернет страници и медиуми, кои од денеска не им се повеќе достапни...
Макрон: Русија и Франција мораат заедно да изградат атмосфера на доверба
Русија и Франција мораат да работат заедно за да изградат атмосфера на доверба - изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
- Сакам да работаме рака под рака за да создадеме атмосфера на доверба, рече тој на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Тој рече дека мора да се надмине јазот и партнерството повторно да се изгради.
Макрон додаде дека...
Путин: Иран ги спроведува своите меѓународни обврски
Претседателот на Русија Владимир Путин денеска на Економскиот форум во Санкт Петербург, изјави дека Москва е подготвена за дијалог со САД, но, за предложениот самит меѓу него и претседателот на САД Доналд Трамп, во моментов има многу проблеми.
Путин истакна дека поради новите проблеми со Северна Кореја, Иран, како и поради страв од нова трка на вооружување, мора да се...
Лавров ја спореди авионската несреќа во Донбас со случајот Скрипал
Истрагата за падот на авионот МХ17 во Донбас потсетува на случајот Скрипал, бидејќи нема докази, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
- Тоа многу потсетува на случајот Скрипал, кога рекоа дека Русите најверојатно стојат зад тоа, а во исто време додаваат дека истрагата е во тек и оти ќе...







































