Димитров, Коѕијас и Нимиц ги продолжија преговорите во Њујорк

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Њујорк ги продолжија преговорите за спорот со името со посредство на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц. Средбата, како што беше најавено почна во 15.30 часот, а по завршување на денешната рунда се очекува некој или сите учесници во процесот да дадат изјави за тоа дали...

Нова демократија: Ципрас очигледно смета дека „Илинденска Македонија“ е победа

Критики до грчкиот премиер упатија од опозициската Нова демократија, по изјавата на Алексис Ципрас од Солун дека Владата не дава име, туку се стреми да добие назад нешто што веќе било дадено. Како што јави дописничката на МИА од Атина, од грчката партија, преку соопштение, коментираат дека „Ципрас смета дека неприфатливото име како што е Илинденска Македонија е победа за...

Харви Вајнстин ѝ се предаде на полицијата во Њујорк

Поранешниот холивудски филмски продуцент Харви Вајнстин денеска ѝ се предаде на њујоршката полиција поради обвинение за сексуално вознемирување. Тој подоцна беше пуштен со кауција од еден милион долари. Повеќе од 70 жени го обвинуваат соосновачот на студијата „Мирамакс“ и „Вајстин цо“ за сексуално вознемирување, вклучувајќи и силување, а некои обвинувања датираат и од пред повеќе години. „Случајот Вајнстин“ беше повод за ангажирање на...

„Случајот од милијарда долари“ даде одговор за вредноста на жртвите на сексуален напад во САД

Безбедносна компанија треба да ѝ исплати отштета од една милијарда долари на девојка што била силувана од вработен на компанијата, кога имала 14 години, одлучи судот во округот Клејтон, во сојузната држава Џорџија во САД, пренесува „Ју-ес-еј тудеј“.  Сега 20-годишната Хоуп Честон била жртва на сексуален напад од страна на чувар во станбен комплекс, во октомври 2012 година. Адвокатот на жртвата,...

Македонија ќе претседава со Светскиот корпоративен регистарски форум 2019

Република Македонија и Централниот регистар по работните сесии предвидени во агендата на Светскиот корпоративен регистарски форум - ЦРФ 2018 и по одржаното Генерално собрание на Извршниот комитет во Габорон - Боцвана, го превзема претседателството на Форумот за 2019 година. - Во изминатиот период Централниот регистар напорно работеше на проектите кои ќе бидат главен мотив и мото за меѓународните претставници, а...

Кугларот Влакевски четвртфиналист на СП во Клуж

Македонскиот кугларски репрезентативец Бојан Влакевски се пласираше во четврт-финалето на Светското поединечно првенство (СП), кое утре звршува во романскиот град Клуж. Тој во денешената осминафиналната средба убедливо со 4-0 во сетови, а 680-604 по бројот на соборени кегли, го елиминираше искусниот Унгарец, Кароли Козма. Влакевски за пласман во полуфиналето треба да игра против Германецот Мануел Ваис. Претходно, Влакевски во квалификциите,...

Ѕанакопулос: Постојат политички и технички предуслови за договор

Ерга омнес, уставна ревизија и име од предлозите на Нимиц се темите на преговарачката маса во Њујорк, според министерот без ресор и портпарол на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос, кој смета дека постојат политички и технички предуслови за договор. Во интервју за грчката телевизија „Скај“, рече дека владата уште пред неколку дена кажала дека името „Илинденска Македонија“ не е повеќе дел...

Ангеловска-Бежоска и Тевдовски на министерскиот дијалог меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција

Гувернерот на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Драган Тевдовски денеска присуствуваа на министерскиот дијалог меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција во Советот на ЕУ, во Брисел што секоја година се одржува во рамки на Програмата за економски реформи на земјите-кандидати. На состанокот, информираат од НБРМ, земјите од ЕУ и земјите од Западен Балкан и...

Ограбена бензинска пумпа на влезот на Радишани

Две непознати маскирани лица рано изутрината извршиле разбојништво во бензинска пумпа на влезот на Радишани во Скопје. МВР информира дека сторителите со закана со оружје ги одзеле парите од дневниот промет и побегнале во непознат правец. Кражбата во полиција ја пријавил вработен на бензинската пумпа. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за расчистување на случајот.

ЕУ бара цврсти докази за борба против корупцијата од Приштина

Официјален Брисел, пред извештајот на Европската комисија за визна либерализација за Косово, што треба да биде објавен идниот месец, очекува од косовските инситуции цврсти докази за борба против организираниот криминал и корупцијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Официјални претставници на Европската унија во Приштина, за весникот „Зери“ изјавија дека на тој начин ќе биде исполнет последниот критериум за визната...