Коњарка стана атракција за туристите во Мариовско
Во рамките на новоизградениот рекреативен комплекс, вистински рај за очите претставува коритото на реката Коњарка, кое е соѕидано од камен, а во рамките на паркот поставени се видиковци, дрвени клупи, маси, лулашки, места за скара, канти за отпадоци, играчки за деца...
Деновиве голем број посетители, не само од селото Скочивир и од околните села во општината Новаци туку и од...
Искри меѓу премиерот и претседателот ќе ги изгорат Уставот и законите
Кохабитацијата, како „чек и баланс-систем“ врамен со позитивното право, врз основа на негово стриктно почитување, наместо да придонесе за политичката стабилност и меѓусебна контрола на двете извршни власти (Владата и претседателот на државата), во овие судбоносни моменти, таа е причина за дополнителни политички тензии, кои генерираат нова поделеност, внатрешна криза и губење на компасот за движење на стратегиските насоки...
Ел Чапо не се откажува од тунелите, дури ни за судењето
Озлогласениот мексикански наркобос Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, бара да му биде овозможено преку тунел да стигне до судницата на Менхетн во Њујорк, за рочиштето во неговиот случај, пренесува „Њујорк пост“.
Адвокатите на Гузман побараа од федералниот судија да го префрли судењето на Менхетн, со образложение оти нивниот клиент на тој начин полесно ќе може да стигне на рочиштето,...
Асад: Западот нема да ја обновува Сирија
Сирискиот претседател Башар ал Асад порача дека Сирија нема да им дозволи на западните инвеститори да учествуваат во обновата на таа држава уништена од војната, бидејќи, како што рече, тие доаѓаат само за да ги искористат туѓите економии.
Во интервју за руската телевизија НТВ, Асад рече дека наместо западни инвеститори, ќе побара помош од пријателите. Тој нагласи дека таа земја...
ЕУ сака мигрантски центри на Балканот и во Африка?
Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел в четврток ќе се фокусираат на миграцијата, безбедноста и на одбраната, како и на економските и на финансиските прашања. Наоѓање европско решение за мигрантите е од клучно значење за политичкиот опстанок на германската канцеларката Ангела Меркел, јавуваат западни медиуми, а пренесува МИА.
Претходно, на мини-самитот во неделата, идејата за проверка на барателите на...
Една година затвор за Мирјана Марковиќ
Вишиот суд во Белград ја осуди вдовицата на Слободан Милошевиќ и поранешна претседателка на партијата ЈУЛ Мирјана Марковиќ на една година затвор поради злоупотреби при доделување на државни станови во 2000 година.
Таа е обвинета дека влијаела врз членови на владината комисија противзаконски да ги распределат државните станови, а во истата пресуда поранешната секретарка на Владата на Србија Живка Кнежевиќ...
Трамп против „Харли-Дејвидсон“
Американскиот претседател ја обвини компанијата од Висконсин за капитулација по одлуката да го префрли производството на мотоциклите наменети за европскиот пазар надвор од САД
Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикува познатата компанија за мотоцикли „Харли-Дејвидсон“ поради плановите да го префрли препроизводството надвор од САД за да ги избегне новите високи европски царини што ЕУ ги воведе како контрамерка на американските...
Библиски поплави во Грција по силното невреме
Поројните дождови и невремето од изминатите 24 часа создадоа сериозни проблеми и материјална штета во повеќе делови на Грција.
На Халкидики, се поплавија повеќе места, улиците се претворија во реки, а нанесена е материјална штета на инфраструктурата, на домови и возила, за среќа без повредени или жртви.
https://youtu.be/3tEXbXw26as
Најпогоден беше вториот крак на Халкидики и областа Никити Ситониа. Поради невремето и поплавата,...
САД и продаде на Шпанија воена опрема вредна 860 милиони долари
Стејт департментот синоќа одобри зделка за продажба на информациски системи за модернизација на воената морнарица на Шпанија, соопшти американското Министерство за одбрана преку својата Агенција за соработка во одбраната и безбедноста.
Владата на Шпанија побарала да набави пет „Иџис“ боеви системи и пропратни програмско- хардверски комплети за модернизација на компјутерските системи на пет бродови разурнувачи на шпанската морнарица во вредност...







































