Вечерва во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје се одржа свечената промоција на новата книга „Македонија низ вековите“ од проф. д-р Виолета Ачкоска, која привлече бројна публика и љубители на македонската историја и култура.
Промотор на промоцијата беше Никола Жежов, а модератор Валентина Божиновска.
Музички, свеченоста ја надополнија Крсте Јовановски – актерски настап, Васил Атанасов – обоа, Катарина Костадиновска-Гелебашева – пијано, Влатко Митев – тапан, Борис Трајанов – баритон и Дарко Мариновски – пијано.
Присутните имаа можност да дискутираат со авторката за значењето на македонската историја низ вековите и за културните и историски вредности што ги пренесува книгата.







































