Фото: Миле Манев

Фотографијата Раселовите Водопади во Тасманија на авторот Миле Манев  е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за  фотографија на неделата.

– Раселовите водопади се еден од најубавите и најпосетените водопади во Тасманија. Се наоѓа во јужниот дел на островот, во срцето на Националниот парк Маунт Филд (Mount Field). Овој древен предел традиционално припаѓа на абориџинскиот народ Биг Ривер (Big River) од тасманиските Абориџини, за кои природата претставува жива врска со предците, времето и духовниот свет – вели Манев.

Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.

Фото: Миле Манев

Фотографијата е избрана од најголемата македонска Фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories.

📸 „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата 👇
📇 Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
➡ Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
➡ Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
➡ Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
➡ Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
➡ Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.