Тројца мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Грција

Во сообраќајна несреќа што утрово се случи на автопатот Егнатиа, неколку километри пред градот Александруполи во Грција, животот го загубија три лица, а седум се повредени, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за нелегални мигранти, а возачот кој веројатно бил и криумчар, побегнал од местото на настанот. До несреќата дошло кога комбето, со италијански регистарски таблички, во кое...

Дескоска: Засега нема одлука дали ќе се менува Законот за референдум

Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека сė уште нема конечен став дали ќе има измени на законската регулатива за организирање и спроведување на референдумот, во контекст на договорот за решавање на спорот со името. - Во моментов немаме донесен конечен став околу тоа дали ќе се оди со измена на Законот за референдум или не. Имаме...

Повеќе од пет милиони Италијанци живеат во сиромаштија

Повеќе од пет милиони лица во Италија живеат во целосна сиромаштија, што е најголемо ниво откако во 2005 година првпат е извршено тоа мерење, покажаа службените податоци. Околу 8,4 отсто од популацијата нема доволно средства за живот, што е пораст во однос на 2016 година кога биле  7,9 отсто, информира Државниот завод за статистика Истат. Нивото на сиромаштија особено е високо...

Бан Ки-мун: Добро е што се постигна договор за името, загрижува незадоволството кај граѓаните

Охрабрувачки е фактот што се постигна решение, но загрижувачки е фактот што постои незадоволство кај граѓаните, вели поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА. Како што јави дописничката на МИА од Атина, тој изразува надеж дека што е можно поскоро ќе има дефинитивно затворање на долгогодишниот спор меѓу двете земји. - Сметам дека е...

Пет ИТ компании доставија софтверски решенија за распределба на дозволи во патниот и товарниот сообраќај

Пет ИТ компании доставија предлози на повикот за изработка на ново софтверско решение за распределба на дозволите во патниот и товарниот сообраќај. По денешната презентација на предлозите, Комисија од повеќе институции ќе го избере најдоброто врз основа на кое за девет месеци би почнала примената на новата алатка. - Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), кој го спроведува повикот...

Како по природен пат да се отстрани јаглеродот од воздухот

Пронајдени се карпи што „напорно работат“, реагирајќи природно на јаглерод-диоксидот од атмосферата, претворајќи го во камен! Ова спектакуларно откритие е процес што природата сама го креирала. Меѓутоа, токму ова, поддржано од луѓето, би можело многу да помогне во борбата против загадувањето, но и емисијата на јаглерод-диоксид и ефектите на стаклена градина и енормното затоплување. Карпите би можеле да „отстранат“...

Бизнис-заедницата има рецепт за зголемување на економскиот раст

Бизнис-заедницата е практична. Таа на теренот ги чувствува и пречките и предностите што ги овозможува или ги наметнува системот. Преголемата регулираност на односите во државата може да создаде лавиринт од правила во кој ретко кој може да се снајде. Се чувствува потреба и од дерегулација во одредени области. Но, сепак, како и да се земе, за динамизирање на економскиот...

Поповски: Опозицијата во континуитет го блокира носењето на законот за медиуми

Опозицијата во континуитет го блокира носењето на законот за аудио и аудовизуелни медиумски услуги, а со тоа и го кочи суштинскиот почеток на реформите во медиумската сфера во Македонија, изјави министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски на отворањето на конференцијата: „Иднината на медиумите и новинарството во дигиталната ера“ во организација на Центарот за развој...

САД побараа сите земји да прекинат со увоз на иранска нафта

САД побараа од сите земји да го прекинат увозот на иранска нафта до 4 ноември, доколку сакаат да ги избегнат американските санкции воведени по повлекувањето на САД од меѓународниот договор со Иран за нуклеарната програма, изјави висок официјален претставник на САД. - Тоа е еден од нашите главни принципи за национална безбедност. Нема да одам до таму да кажам дека...

Ниту папата не го разбра хуморот на Макрон

Шегата на Емануел Макрон во текот на вчерашната посета на папата Франциск во Ватикан, не го насмеа поглаварот на Римокатоличката црква, со што смисолот за хумор на францускиот претседател повторно наиде на тишина, пишува „Ројтерс“. Францускиот лидер се пошегува кога го претстави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриан, кој потекнува од регионот Бретања. - Тој е бретонец. Бретонците се...