Германија наскоро ќе ги признае македонските возачки дозволи
Владата на Република Македонија очекува наскоро да биде потпишана Заедничка декларација меѓу Министерството за внатрешни работи и Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура на Сојузна Република Германија за признавање и замена на возачки дозволи, откако на вчерашната седница беше усвоена Информација за ова прашање.
- По интензивна комуникација меѓу двете министерства во мај оваа година се изврши усогласување на...
Норвешка на Самитот на НАТО ќе поддржи покана за Македонија
Норвешка силно го поддржува членството на Македонија во НАТО, а потврда за недвосмислената поддршка е и одлуката со која норвешката влада ја поддржа поканата за Македонија за членство во НАТО, истакнаа денеска министрите за одбрана на Македонија и Норвешка, Радмила Шекеринска и Франк Баке-Јенсен, на средбата во Осло.
Како што соопштија од Министерството за одбрана, на средбата министрите заклучија дека...
Вучиќ: Не се мешаме во прашањето за името, поддржуваме секој договор меѓу Скопје и Атина
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија го поддржува секој договор меѓу Скопје и Атина.
Меѓутоа, како што рече, Србија мора да ги „почитува ставовите на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и на премиерот Зоран Заев“, јави дописникот на МИА од Белград.
Одговарајќи на новинарско прашање после воено-полицијската вежба „Заеднички удар 2018" во Краљево, за ставот на Србија во врска со...
Македонката Наташа Костовска се искачи на Мон Блан
Наташа Костовска, членка на планинарскиот клуб ВАК Анапурна од Скопје, пред неколку дена успеа да се искачи на највисокиот врв во Западна Европа, Мон Блан (4.808 метри) на Алпите.
Претходно, во рамките на истата експедиција, Костовска се искачи и на врвот Гран Парадизо (4.061 метар) во Италија заедно со уште една македонска планинарка, Даница Стојановска.
Костовска била дел од мешаната 13-...
Заев: Одлуката на ЕУ е мотивирачка за Македонија
Премиерот Зоран Заев денеска изрази, како што рече, огромно задоволство од вчерашната одлука за добивање датум за преговори со Европската унија во јуни 2019.
- Имајќи предвид дека во мај 2019 година се изборите за Европскиот парламент, одлуката на ЕУ е комплетно со нашите очекувања. Ние сме среќни и дополнително мотивирани, рече Заев денеска пред почетокот на својот говор на...
Полициска акција во угостителски објекти во Гостиварско, приведени 15 танчерки
Седум танчерки биле приведени ноќеска во полициска акција во гостиварското село Добридол, информира полицијата.
Според истиот извор, при акциска контрола во угостителски објект во село Добридол, гостиварско, сопственост на Б.Р.(25) од истото село, биле затекнати седум женски лица (танчерки), а од нив четири биле странски и три државјанки на Република Македонија.
Четирите странски државјанки (три од Република Косово и една...
Кралското однесување е важно како и облеката
Членови на кралското семејство, а особено кралицата, мора да носат комбинации во јаки бои за јавноста лесно да ги забележи во метежот
Светската јавност речиси секојдневно сведочи за формалните настапувања на членовите на кралското семејство на разни настани, а за да изгледаат беспрекорно секојпат следат строги модни правила, кои нема да го заобиколат ниту новиот член, Меган Маркл. Еве некои...
Ограбена црква во Кичевско
Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Света Петка“ во кичевското село Прострање, при што откако влегол во црквата, со подесен предмет делувал на катанецот од металната каса и одзел околу 1.500 денари.
Исто така, во период од 23 до 25.06.2018 година во село Прострање, непознат сторител го пронашол клучот од влезната врата во црквата „Св. Никола“,...
Промоција и изложба на „Поврзи се…“ во „Концепт 37“
„Поврзи се...“ е новата димензија во која битисуваме. Димензија што е различна од будност, спиење и сонување. Секој стих и секоја фотографија како љубовна романса одекнуваат во вселената и со својата величественост ја разголуваат нашата душа
Во кафе-галеријата „Концепт 37“ вечерва, со почеток во 20 часот, со изложба на 11 хаиги, ќе биде промовирана книгата „Поврзи се...“ од Дијана Петкова...
Бошњаковски: ЕУ ја препозна Македонија како земја на позитивни промени (видео)
Одлуката на ЕУ Македонија да започне преговори за членство во јуни 2019 година, покажува дека Македонија е препознаена како земја на позитивни промени и динамични економски реформи, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, коментирајќи ја вчерашната одлука на Советот за општи работи на ЕУ да даде условена препорака за преговори во јуни 2019.
- Македонија е препознаена како...







































